YouVersion Logo
Search Icon

Даниел 12

12
Пророкувањето е запечатено
1 # 10,13; Мт 24,21; Откр 3,5; 16,18 „И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сѐ до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во Книгата. 2#Ис 26,19; Мт 25,46; Јн 5,28-29; 11,24И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам. 3#11,33; Суд 5,31; Мт 13,43Разумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда – како ѕвездите, во веки, засекогаш. 4#8,26; Ис 8,16; Ер 5,1; Откр 22,10А ти, Даниеле, сокри ги овие зборо­ви и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овде-онде, обидувајќи се да разберат што се случува.“ 5#10,4Тогаш јас, Даниел, погледав и ете пред мене стојат други двајца, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката. 6#8,13; 10,4-5; Ез 9,2Едниот му рече на човекот со ленена облека, кој стоеше над реката: „Кога ќе биде крајот на овие чудни работи?“ 7#7,25; Откр; 10,5-6И чув, кога човекот со ленената об­лека, што се наоѓаше над реката, отка­ко ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот дека сето тоа ќе се изврши за време од три и пол години, кога ќе заврши ис­тоштувањето на Светиот Народ. 8Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: „Господаре мој, како ќе заврши сето тоа?“ 9#Ис 29,11Тој одговори: „Оди си Даниеле, заш­то тие зборови се сокриени и запечате­ни до последното време. 10#11,35; Откр 22,11Многумина ќе се очистат, ќе се из­белат и ќе бидат искушани; безбож­ниците ќе си останат безбожни, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ќе разберат. 11#8,11; 9,27; Мт 24,15Од времето, кога ќе се прекрати се­којдневната жртва и ќе се постави Гнасниот Пустошник, ќе минат илјада двесте и деведесет денови. 12#Ез 4,5-6Блажен е оној што чека и ќе дочека илјада триста триесет и пет дена. 13#Ис 57,2; Пс 16,5; Мт 10,22; Откр 14,13А ти оди кон својот крај, и отпо­чини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето.“

Currently Selected:

Даниел 12: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in