Амос 3
3
1 #
2,10
Чујте го овој збор, што го кажа Господ против вас, синови на Израел, против целото племе, кое го изведов од земјата египетска, велејќи: 2#5 Мојс 7,6-8; Мт; 11,20-24само вас ве признав од сите земни племиња, поради тоа и ќе ве казнам поради сите ваши беззаконија.
Дело на пророк
3Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе? 4#Ис 5,29Рика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа? 5Паѓа ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Ќе се подигне ли од земјата стапица, ако не се фати ништо во неа? 6#Ис 45,7; Ез 33,5; Ос 5,8; Јоил 2,1Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ? 7#1 Мојс 18,17; Ер 7,25; Откр 10,7Зашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги – пророците. 8#7,14-15; Ер 20,7-9; Дела 4,20; Откр 10,3Кога ќе зарика лав, кој нема да се исплаши? Господ Бог зборува – кој нема да пророкува?
Суд за Самарија
9 #
2,6-8; 4,1; 6,1; Соф 3,8 Прогласете од тврдините на Ашдод и од покривите на земјата египетска и кажете: соберете се по горите на Самарија и погледајте го големото бесчестие во неа и насилствата во неа. 10#Ер 4,22; Авак 1,3Тие не знаат да постапуваат справедливо, вели Господ: со насилие и грабеж собираат добра во дворците свои. 11#2 Цар 17,3-6Затоа, вака вели Господ Бог: еве, непријателот ќе ја опколи земјата, одбраната ќе ти ја разбие и дворците твои ќе бидат ограбени. 12#1 Мојс 31,39; 2 Мојс 22,12Така вели Господ – како што понекогаш пастирот истргнува од лавовска уста две нозе или дел од увото, така ќе бидат спасени синовите Израелови, кои сега седат во Самарија во аголот на постелата своја и во Дамаск на леглото свое.
Жртвениците во Ветил
13Слушајте и бидете сведоци против домот на Јаков, вели Господ Бог Саваот. 14#2 Мојс 27,2; 1 Цар 12,29-30; 13,1-5; Ез 43,15Зашто во оној ден, кога ќе го казнам Израел за престапите негови, ќе го казнам и за жртвениците во Ветил; ќе бидат отсечени роговите на жртвеникот и тие ќе паднат на земја. 15#5,11; 6,11; 1 Цар 22,39Ќе го поразам зимскиот дом заедно со летниот дом, и ќе исчезнат домовите со украси од слонова коска, ќе снема многу домови, вели Господ.
Currently Selected:
Амос 3: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006