Дела 8
8
Савле ги гони христијаните
1 #
11,19
Савле, пак, го одобруваше неговото убиство. Во тој ден започна голем прогон на Црквата во Ерусалим, и сите, освен апостолите, се распрснаа по пределите на Јудеја и Самарија. 2А Стефан го погребаа побожни луѓе и приредија голема посмртна жалост. 3#22,4; 26,10-11; 1 Кор 15,9; Гал 1,13.23; Фил 3,6Савле, пак, ја пустошеше Црквата, одеше по куќите и извлекуваше мажи и жени, па ги предаваше во затвор. 4Тие што се беа распрснале, сега одеа наоколу благовестувајќи го словото.
Божјото Слово во Самарија
5Така Филип слезе во еден самарјански град и таму им Го проповедаше Христос. 6Народот еднодушно внимаваше на тоа што зборуваше Филип, слушајќи и гледајќи ги чудата што ги правеше тој; 7зашто нечисти духови со голем вик излегуваа од оние во кои се наоѓаа, и мнозина неподвижни и сакати оздравуваа. 8И голема радост настана во тој град. 9#5,36А во градот имаше еден човек по име Симон. Тој правеше магии и со тоа го вчудовидуваше народот од Самарија, велејќи за себе дека е тој голем човек. 10Него го слушаа сите, од најмал до најголем, и велеа: „Овој е силата Божја, наречена Голема.“ 11А го слушаа внимателно, затоа што подолго време ги беше восхитувал со своите магии. 12Но кога му поверуваа на Филип, кој го проповедаше Евангелието за царството Божјо и за името на Исус Христос, почнаа да се крштаваат мажи и жени. 13Тогаш поверува и самиот Симон, и откако се крсти, постојано го придружуваше Филип; и, гледајќи дела големи и чудеса што се вршеа, се восхитуваше. 14#11,1Кога слушнаа апостолите што беа во Ерусалим дека Самарија го примила словото Божјо, ги пратија кај нив Петар и Јован. 15Тие, штом слегоа, се помолија за нив за да го примат Духот Свети. 16Зашто сѐ уште не беше слегол ниту на еден од нив, а само беа крстени во името на Господ Исус. 17#10,44; 11,15Тогаш апостолите положија над нив раце и тие Го примија Светиот Дух. 18А Симон, кога виде дека Духот Свети се дава со полагање раце од апостолите, им донесе пари, 19и им рече: „Дајте ми ја и мене таа власт, та над кого и да ги положам рацете, да Го прими Духот Свети!“ 20#2 Цар 5,16; Мт 10,8Но Петар му рече: „Среброто твое нека загине заедно со тебе, зашто помисли дека дарот Божји може да се стекне со пари. 21#Пс 78,37Ти немаш дел ниту право на таа работа, бидејќи срцето твое не е право пред Бога. 22#26,18Туку покај се за оваа зла намера и помоли Му се на Бога за да ти се прости помислата на срцето твое; 23#5 Мојс 29,18; Ис 58,6; Ер 4,18; Изреки 5,22бидејќи те гледам дека си исполнет со горчлива жолчка и во окови на беззаконие.“ 24А Симон одговори: „Помолете Му се за мене на Господ вие, да не ме стигне ништо од она што рековте.“ 25И така, откако посведочија и зборуваа за словото Господово, тргнаа кон Ерусалим, проповедајќи го патем Евангелието во многу села самарјански.
Филип и етиопскиот великодостоинственик
26А на Филип му рече ангел Господов: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, кој е пуст.“ 27Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, висок достоинственик на Кандакија, етиопската царица, кој беше чувар на сите нејзини ризници. Тој дошол во Ерусалим на поклонение, 28а сега се враќаше и, седејќи в кола, го читаше пророкот Исаија. 29Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“ 30Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ 31Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него. 32#Ис 53,7-8А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца на клање беше одведен, и како што јагнето стои безгласно пред својот стригач, така и Тој устата Своја не ја отвори. 33Во неговата понизност Тој беше лишен од праведен суд. А поколението Негово кој ќе го искаже? Зашто животот Негов се одзема од земјата.“ 34Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“ 35#Лк 24,27А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му благовести за Исус. 36#10,47; 11,17И одејќи така патем, тие стигнаа до една вода; и Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ 37(А Филип му рече: „Ако веруваш од сѐ срце – можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Син Божји.“)#8,37 Овој стих не постои во некои ракописи. 38И заповеда колата да запре, па слегоа во водата обајцата, и Филип и евнухот, и го крсти. 39А кога излегоа од водата, Духот Свети се симна над евнухот, а Филип беше грабнат од ангел Господов, па евнухот веќе не го виде. Тој радосно го продолжи својот пат#8,39 Во некои ракописи стихот 8,39 ја има оваа содржина: „А кога излегоа од водата, Духот Свети слезе над евнухот, а Филип го грабна ангел Господов. И евнухот не го виде веќе, па радосно го продолжи својот пат.“. 40Филип се најде во Азот, од каде што тргна во обиколка, проповедајќи го Евангелието по сите градови, додека не стигна во Кесарија.
Currently Selected:
Дела 8: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006