YouVersion Logo
Search Icon

Дела 15

15
Расправа околу прашањето за обрезанието
1 # 15,5-24; 1 Мојс 17,9-14; 3 Мојс 12,3; Гал 5,2 А некои луѓе слегоа од Јудеја, и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според обичајот Мојсеев, не може да бидете спасени!“ 2#Гал 2,1А бидејќи настана бунт, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, одлучија Павле и Варнава и некои дру­ги од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка. 3#14,27; 15,12Тие, пак, испратени од црквата, па­туваа низ Феникија и Самарија, и рас­кажувајќи за обраќањето на нез­на­бош­ците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа. 4А кога пристигнаа во Ерусалим, ги примија црквата, апостолите и старе­шините, а тие известија за сѐ што на­прави со нив Бог#15,4 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: „и како ја отвори вратата на верата и за незнабошците.“.
Решавање на спорот: Апостолскиот собор во Ерусалим
5 # 11,2; Гал 2,4-5 Тогаш станаа некои од при­вр­за­ни­ци­те на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезува­ат, и да им се заповеда да го пазат Зако­нот Мојсеев. 6Апостолите и старешините се соб­раа да го разгледаат тоа прашање. 7#11,5-18; 15,14По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе браќа, вие знаете дека Бог од првите дни ме избра меѓу вас, незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на Евангелието и да поверуваат; 8#1,24; 10,34.44-47и Бог, Кој ги познава срцата, им пос­ведочи, и им даде Дух Свети како и нам. 9#10,15; 11,9.18; Рим 3,22Тој не направи никаква разлика ме­ѓу нас и нив, зашто со верата ги очисти нивните срца. 10#Мт 11,29; Гал 5,1Сега, пак, зошто Го искушувате Бо­га, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, ниту ние. 11Но ние веруваме дека ќе се спасиме со благодатта на Исус Христос, исто ка­ко и тие.“ 12Тогаш замолкна сето мноштво и го слушаа Варнава и Павле, кои при­кажуваа какви знаци и чудеса направил Бог преку нив меѓу незнабошците. 13#12,17; 21,18; Гал 2,9А кога тие престанаа, тогаш прозборе Јаков и рече: „Мажи браќа, слуш­нете ме! 14#2 Птр 1,1Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, за да избере од нив народ за Неговото име; 15и со тоа се согласуваат и зборовите на Пророците како што е напишано: 16#Амос 9,11-12#Ер 12,15‚И потоа ќе се вратам и пак ќе го подигнам паднатиот дом на Давид, и неговите урнатини ќе ги поправам и ќе го издигнам, 17за да Го побараат Господ и другите луѓе и сите народи, кои се наречени со Моето име.‘ Така вели Господ, Кој го прави сето ова. 18#Ис 45,21Познати Му се на Бога сите Негови дела од создавањето на светов. 19#15,10Затоа јас мислам дека не треба да им прават мачнотии на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога, 20#15,28-29; 21,25туку да им се заповеда да се воз­др­жуваат од идолски жртви, од блудство, од удавено и од крв, (и да не му прават на друг ништо, што ним не им е угодно). 21#13,15.27; 2 Кор 3,5Зашто Мојсеј уште од старо време во секој град има луѓе, кои го про­по­ве­даат, бидејќи го читаат по синагогите секоја сабота.“
Писмо испратено до нееврејските верници
22Тогаш апостолите и старешините заедно со целата Црква одлучија да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Вар­на­ва, и Сила, истакнати мажи меѓу бра­ќа­та, и заедно со Павле и Варнава да ги пратат во Антиохија. 23И со своите раце им го напишаа следново писмо: „Апостолите, свеш­те­ниците и браќата ги поздравуваат бра­ќата од нееврејските народи што се во Антиохија и Сирија и Киликија. 24#Гал 1,7Сме слушнале дека некои од нас, на кои ништо не сме им заповедале со збо­рови, ве вознемириле, и ги потресле ду­шите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот. 25Затоа, откако се собравме, едно­душно одлучивме да избереме луѓе и да ги пратиме кај вас заедно со нашите омилени Варнава и Павле, 26#20,24; 21,13луѓе, кои ги предадоа душите свои за името на нашиот Господ Исус Хрис­тос. 27И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и усмено. 28#15,10Зашто Светиот Дух и ние од­лу­чив­ме да не ви ставаме на вас никаков друг товар, освен она што е потребно: 29#15,20да се воздржувате од месо принесе­но како жртва на идоли, од крв, од уда­ве­но, и од блудство#15,29 Во некои ракописи е додадено во продолжение: „и да не му правите на друг она што не сакате и вам да ви се случи.“. Ако внимавате на ова, добро ќе направите. Бидете здра­ви!“ 30И така испратени, тие дојдоа во Антиохија и кога го собраа народот, му го предадоа посланието. 31А кога го прочитаа, се зарадуваа поради утешниот збор. 32Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија. 33Откако престојуваа таму некое вре­ме ги пуштија браќата со мир кај оние што ги испратија. 34(Сила одлучи да остане, а само Јуда замина.)#15,34 Овој стих не се јавува во некои ракописи. 35Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестувај­ќи го словото Господово заедно со мно­зина други.
Павле и Варнава се разделуваат
36По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите гра­до­ви, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како жи­ве­ат.“ 37#12,12Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко. 38Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени. 39Поради тоа дојде до жестока рас­пра­вија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Мар­ко, отплови за Кипар; 40#14,26а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата бла­годат.
Тимотеј ги придружува Павле и Сила
41 # 15,23 И, минувајќи низ Сирија и Ки­ли­ки­ја, ги утврдуваше црквите.

Currently Selected:

Дела 15: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in