YouVersion Logo
Search Icon

Дела 13

13
Савле и Варнава избрани за мисионерско патување
1 # 4,36; 11,25-26 Во Антиохиската црква имаше некои пророци и учители: Вар­нава, Симеон, наречен Нигер, Луциј Киринеецот и Манаин, кој беше воспитан заедно со Ирод четворовласникот, и Савле. 2#14,26Еднаш кога Му служеа на Господ и постеа, Духот Свети рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савле за дело, за кое ги повикав!“ 3Тогаш тие, откако постеа и се по­мо­лија, положија раце над нив и ги пушти­ја.
Варнава и Савле во Кипар
4 # 11,20 И така, испратени од Светиот Дух, тие слегоа во Селевкија, и оттаму от­пловија за Кипар. 5#12,12И кога стигнаа во Саламин, тие го проповедаа словото Божјо во јудејските синагоги, а го имаа со себе и Јован како помошник. 6#8,9; Мт 7,15А кога го поминаа островот сѐ до Пафос, наидоа на еден човек маѓесник и лажен пророк, Јудеец, по име Вари­сус, 7кој беше со намесникот Сергиј Пав­ле, човек умен. Тој ги повика Варнава и Савле, и посака да го слушне словото Божјо. 8Но им се спротивстави Елима – ма­ѓесникот, така всушност се преведува неговото име, настојувајќи намесникот да го одврати од верата. 9#4,8Но Савле, наречен Павле, исполнет со Дух Свети, го впери погледот на не­го, 10#8,20-23; Ос 14,10; Изреки 10,9и рече: „О, ти кој си полн со секакво лукавство и злоба, сине ѓаволски, не­пријателу на секоја праведност, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта? 11#5 Мојс 28,29И еве сега, раката Господова е врз тебе; ќе бидеш слеп и за некое време не­ма да го гледаш сонцето!“ И наеднаш над него падна мрак и темнина, и џба­рајќи, бараше водач. 12Тогаш намесникот, откако виде што се случи, поверува, восхитен од учењето Господово.
Павле и Варнава во Антиохија Писидиска
13 # 15,38 Павле и неговите придружници от­пловија од Пафос и пристигнаа во Пер­гија Памфилиска. Тука Јован се одвои од нив и се врати во Ерусалим. 14А тие тргнаа од Пергија и пристигнаа во Антиохија Писидиска. Тука во сабота влегоа во синагогата и седнаа. 15По читањето на Законот и на Про­роците, старешините на синагогата пра­тија луѓе да им кажат: „Мажи браќа, ако имате зборови за утеха на народот, зборувајте!“ 16И тогаш стана Павле, мавна со ра­ката и рече: „Луѓе Израелци, и вие, што имате страхопочит кон Бога, послушај­те! 17#2 Мојс 6,1-6Бог на овој народ, Израел, ги избра татковците наши, и го подигна овој народ кога тие пребиваа во земјата еги­петска, и со раката Своја силна ги из­ве­де од неа; 18#2 Мојс 16,35; 5 Мојс 1,31и околу четириесет години ги хра­неше во пустината; 19#5 Мојс 7,1а потоа откако уништи седум народи во земјата хананска, со ждрепка им ја раздели земјата во нивно наследство. 20За околу четиристотини педесет го­дини им даваше судии до пророкот Са­моил. 21А потоа бараа цар, и Бог им го даде Саул, Кисовиот син, човек од Венијами­новото колено, за четириесет години. 22#1 Сам 13,14; Ис 44,28; Пс 89,21Кога го отстрани него, за цар им го подигна Давид, за кого и рече, све­до­чеј­ќи: ‚Најдов маж по срцето Свое, Давид, синот Јесеев. Тој ќе ги исполни сите Мои барања.‘ 23#2,29-30Од неговото потомство Бог, според ветувањето, Го издигна за Израел Спасителот Исус. 24#Мал 3,1; Лк 1,76Пред Неговото доаѓање Јован како предгласник му проповедаше на сиот израелски народ покајно крштавање. 25#Лк 3,15-16; Јн 1,20.27А кога Јован го завршуваше своето дело, прашуваше: ‚За кого ме сметате? Јас не сум Тој, но, ете, по мене иде Оној, Кому не сум достоен да Му ги од­врзам ни обувките на Неговите нозе.‘ 26Мажи браќа, синови од родот на Авраам, оние меѓу вас, што имаат страхопочит кон Бога, нам ни е испратено словото на ова спасение. 27#2,23; 3,18Всушност жителите ерусалимски и нивните началници, бидејќи не Го препознаа, ги потврдија пророчките зборо­ви, што се читаат секоја сабота, со тоа што Го осудија. 28#3,13-14; Лк 23,4.22И така, иако не најдоа никаква вина за осуда на смрт, побараа од Пилат да Го убие. 29А кога го извршија сето тоа, што беше напишано за Него, Го симнаа од крстот и Го положија в гроб. 30#5,30Но Бог Го воскресна од мртвите. 31#1,3.22А Тој во текот на многу дни им се јавуваше на оние, што со Него дојдоа од Галилеја во Ерусалим и кои се сега сведоци Негови пред народот. 32И ние сега ви благовестуваме дека ветувањето, дадено на нашите татковци, Бог го исполни на нас, чедата нивни, откако Го воскресна Исус. 33#2,39; Пс 2,7Како што е во вториот псалм на­пи­шано: ‚Син Мој си Ти, денес Те родив Јас.‘ 34#Ис 55,3А дека Го воскресна од мртвите, и дека веќе нема да се враќа во рас­па­ѓа­ње, рекол вака: ‚Ќе ви ги дадам сигурните ветувања дадени на Давид.‘ 35#2,27.31; Пс 16,10За тоа и на друго место зборува: ‚Нема да допуштиш Твојот светец да види распаѓање.‘ 36#1 Цар 2,10А навистина Давид, откако му слу­жеше на својот род, според Божјата волја, се присоедини кон татковците и виде распаѓање; 37но Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде распаѓање. 38И така, знајте, мажи и браќа дека преку Него вам ви се проповеда простување на гревовите. 39#15,10И од сѐ, од што не сте можеле да се оправдате преку Законот Мојсеев, преку Него се оправдува секој кој верува. 40Затоа внимавајте да не дојде на вас она што е речено во Пророците: 41#Авак 1,5‚Погледнете вие кои презирате, за­чудете се и исчезнете! Зашто во ваше време ќе извршам дело, во кое немаше да поверувате, ако некој би ви го раска­жал.‘“ 42А кога излегуваа Јудејците од синагогата, незнабошците ги помолија овие зборови да им се проповедаат и во следната сабота. 43#11,23; 14,22.26И кога се распушти собирот, мно­зина Јудејци и побожни прозелити појдоа по Павле и Варнава. Тие разговараа со нив и им советуваа да останат во Божјата благодат.
Павле и Варнава се обраќаат кон незнабошците
44Следната сабота се собра скоро це­лиот град да го слушне словото Божјо. 45#5,17; 17,5Но Јудејците, кога видоа многу на­род, се исполнија со завист и му против­речеа на она што го зборуваше Павле и хулеа. 46#18,6; 28,28Тогаш Павле и Варнава им рекоа отворено: „Словото Божјо требаше најнапред вам да ви се проповеда, но кога вие го отфрлате и сами покажувате де­ка не сте достојни за вечниот живот, за­тоа, еве, ние се обраќаме кон незнабош­ците. 47#1,8; Ис 49,6Зашто Господ така ни заповеда: ‚Те поставив за светлина на незнабошците, да бидеш спасение до крајот на земјата.‘“ 48#17,4.12Незнабошците, слушајќи го тоа, се радуваа и го славеа словото Господово и поверуваа сите, кои беа определени за живот вечен. 49И словото Господово се распространуваше по целиот крај. 50#22,23Но Јудејците, откако ги наговорија побожните и чесните жени и градските првенци, поттикнаа гонење против Павле и Варнава, и ги истераа од својот крај. 51#18,6; Лк 9,5; 10,11Тие, го истресоа правот од нозете свои на нив, и дојдоа во Иконија. 52А учениците се исполнија со радост и Дух Свети.

Currently Selected:

Дела 13: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in