2 Самоилова 20
20
Шева се разгневува кон Давид
1 #
19,43-44; 1 Цар 12,16; 2 Лет 10,16 Случајно таму се наоѓаше еден лош човек, по име Сева, син на Бихриј, од Венијаминовото племе. Тој затруби со труба и рече: „За нас нема дел во Давид и нема за нас наследство кај Јесеевиот син; Израелци, сите во шаторите!“ 2И сите Израелци се одделија од Давид и отидоа по Сева, синот на Бихриј, а Јудејците останаа од страната на царот свој, од Јордан до Ерусалим.
Јоав го убива Амаса
3 #
15,16; 16,21-22 Давид дојде во домот свој во Ерусалим; и ги зеде царот десетте жени наложници што беше ги оставил да ја чуваат куќата; ги смести во одделна куќа под надзор; ги хранеше, но не одеше кај нив. И тие престојуваа таму сѐ до смртта своја и живееја таму како вдовици. 4#17,25; 19,14А му рече царот на Амаса: „Свикај ги за три дни Јудејците кај мене и ти самиот дојди тука!“ 5И Амаса отиде да ги свика Јудејците, но се задржа повеќе од определеното време. 6Тогаш Давид му рече на Авеса: „Бихриевиот син Сева сега ќе ви донесе повеќе зло, отколку Авесалом; земи ги слугите на господарот свој и следи го, да не би да најде утврдени градови и да се сокрие од очите наши.“ 7#8,18; 15,18; 1 Цар 1,38И излегоа по него Јоавовите луѓе, и Керетијците и Пелетијците, и сите храбри борци тргнаа од Ерусалим во потера по Бихриевиот син Сева. 8#2,13; 3,30; 1 Сам 17,38-39; 18,4А кога се доближија до големиот камен што е кај Гаваон, ги сретна Амаса. Јоав беше облечен во воената облека своја и препашан со меч, кој висеше на колкот во ножница и кој лесно се вадеше од неа и влегуваше. 9#Мт 26,49Јоав му рече на Амаса: „Здрав ли си, брате?“ Јоав ја фати со својата десна рака брадата на Амаса за да го бакне. 10#2,23; 3,27; 1 Сам 26,8; 1 Цар 2,5Амаса, внимаваше на мечот што беше во раката на Јоав, и тој го прободе со него во стомакот, така што цревата му се истурија на земја, без да го удри по вторпат, и тој умре. Јоав и братот негов Авеса тргнаа во потера по Сева, Бихриевиот син.
Сева го прекинува својот гнев
11Еден од Јоавовите слуги стоеше кај трупот на Амаса и велеше: „Кој му е верен на Јоав и кој е за Давид, нека оди по Јоав!“ 12А умрениот Амаса лежеше во крвта среде патот. И тој човек, гледајќи дека сите луѓе се запираат над него, го одвлече Амаса од патот во полето и стави врз него облека, бидејќи виде дека секој што минуваше, се запираше над него. 13Но кога тој беше оддалечен од патот, сиот народ Израелов тргна по Јоав да го гони Сева, Бихриевиот син. 14И тој мина низ сите израелски племиња до Авел-Бет-Мааха и преку целиот Берим; и сите жители од градовите се собираа и одеа по него. 15#Ер 6,6; Ез 4,2; 26,8И дојдоа и го опсадија Авел Бет – Мааха; издигнаа насип пред градот, се приближија до ѕидот, и сите луѓе што беа со Јоав, напнаа да го соборат ѕидот. 16#14,2Тогаш една умна жена извика од градскиот ѕид: „Чујте, чујте, кажете му на Јоав да дојде ваму, и јас ќе поразговарам со него.“ 17#1 Сам 25,24Јоав се приближи до неа, и жената праша: „Ти ли си Јоав?“ И тој одговори: „Јас сум.“ Таа рече: „Чуј ги зборовите на слугинката твоја.“ А тој одговори: „Слушам.“ 18Таа рече: „Едно време велеа: кој сака да праша, нека праша во Авел; и така го решаваа проблемот. 19Јас сум од мирните, верни израелски градови, а ти сакаш да го урнеш градот, и тоа градот – мајка во Израел. Зошто да го разурнуваш наследството Господово?“ 20#1 Сам 2,30; 12,23Јоав одговори и рече: „Далеку да е од мене, јас да разурнувам или да уништувам! 21Тоа не е така; не се работи за тоа, туку еден човек од Ефремовата Гора, по име Сева, синот Бихриев, крена рака против царот Давид; само него дајте ми го, и јас ќе отстапам од градот.“ А жената му рече на Јоав: „Еве, неговата глава ќе ти биде фрлена од ѕидот.“ 22#2,28; 18,16Жената отиде пред сиот народ со умните зборови свои и му зборуваше на целиот град да му ја пресечат главата на Сева, Бихриевиот син. И му ја пресекоа главата на Сева, синот на Бихриј, и му ја фрлија на Јоав. Тогаш Јоав затруби со труба, и сите луѓе се разотидоа од градот по шаторите свои; а Јоав се врати во Ерусалим кај царот.
Список #8,16-18; 1 Цар 4,3-6на Давидовите чиновници
23Јоав беше поставен над сета израелска војска, додека Ванеја, синот на Јодај, командуваше со Керетијците и над Пелетијците; 24Хадорам одговараше за даноците; Јосафат, Ахилудовиот син, беше летописец; 25Сева – писар; Садок и Авијатар – свештеници; 26исто така и Ира Јаирецот беше свештеник кај Давид.
Currently Selected:
2 Самоилова 20: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006