YouVersion Logo
Search Icon

2 Самоилова 18

18
Војската на Авесалом е совладана
1 # 1 Сам 8,12 Давид ги прегледа луѓето што беа со него, и постави над нив илјаданачалници и стотници. 2#Суд 7,16; 9,43; 1 Сам 11,11; 13,17Давид ги испрати луѓето: една тре­тина под водство на Јоав, една третина под водство на Авеса, синот Са­руев, брат Јоавов, една третина под водство на Гетчанецот Итај. Тогаш царот им рече на луѓето: „И јас ќе дојдам со вас.“ 3#21,17Но луѓето му одговорија: „Не доаѓај, зашто, ние и да избегаме, тоа нема да се забележи; и половината од нас да умре, тоа исто така нема да се забележи; ти, бидејќи сам чиниш колку десет илјади од нас, затоа подобро е за нас да ни помагаш од градот.“ 4Царот им рече: „Што ќе најдете за добро, тоа и ќе го направам.“ И царот се задржа кај портите, и сиот народ излегуваше по стотици и по илјади. 5#18,12; 19,1Царот им заповеда на Јоав, Авеса и Итај, велејќи: „Зачувајте ми го мом­чето Авесалом.“ И сите слушнаа што им заповедаше царот на сите начал­ници за Авесалом. 6Излегоа луѓето во полето против Израелците, и започна битка во Еф­ремовата Гора. 7И народот Израелов беше победен од Давидовите луѓе; тој ден таму имаше голем пораз, – беа убиени дваесет илјади души. 8#2,26; 11,25А битката се прошири по целата онаа земја, и гората проголта повеќе луѓе, отколку што се истреби со ме­чот во тој ден.
Јоав го убива Авесалом
9 # 14,26 Авесалом се сретна со Давидовите слуги; тој јаваше маска. Кога маската навлезе под гранките на еден голем даб, косата на Авесалом му се заплетка во гранките од дабот, и тој почна да виси меѓу небото и земјата, а мас­ката што беше под него избега. 10Некој го виде тоа и му јави на Јоав, велејќи: „Ете, јас го видов Авесалом како виси на дабон.“ 11Јоав му кажа на човекот што му го соопшти тоа: „Ете, си видел; зошто не го кутна таму на земја? Ќе ти дадев десет шекели сребро и еден појас.“ 12И оној му одговори на Јоав: „Да ставеа во рацете мои и илјада шекели сребро, и тогаш не би кренал рака врз царскиот син; зашто ние чувме дека царот ти заповеда тебе, на Авеса и на Итај, велејќи: ‚Зачувајте ми го мом­чето Авесалом‘; 13и да бев постапил поинаку во опасност по животот свој, тоа не би останало сокриено од царот, па и ти би станал против мене.“ 14Јоав рече: „Нема зошто да се занимавам со тебе.“ И зеде во рацете три стрели и ги забоде во срцето на Аве­салом, кој уште беше жив на дабот. 15Тогаш го опколија Авесалом десет момци, Јоавови оруженосци, го удираа и го умртвија. 16#2,28; 20,22И затруби Јоав со труба и луѓето што го гонеа Израел, се вратија, биде­јќи Јоав го штедеше народот. 17#Ис.Н. 7,26; 8,29; 1 Сам 4,10; 1 Цар 12,16Го зедоа Авесалом, го фрлија во гората, во длабока јама, и натрупаа врз него голема грамада камења. И сите Израелци се разбегаа, секој во шаторот свој.
Давид разбира за смртта на Авесалом
18 # 14,27 Уште додека беше жив, Авесалом си беше изградил споменик во Цар­ската Долина; зашто велеше: „Јас не­мам син за да се зачува споменот за името мое.“ И до денес тој се нарекува Јад Авесалом#18,18 Авесаломов споменик. 19#15,36; 18,31Ахимаац, синот Садоков, му рече на Јоав: „Ќе трчам да му јавам на царот дека Господ преку Својот суд го спаси од рацете на непријателите негови.“ 20Но Јоав му рече: „Нема да бидеш известувач на добра вест денес; друг ден ќе јавиш, а не денес, зашто царевиот син умре.“ 21Јоав му рече потоа на Кушиј: „Оди, јави му на царот што си видел.“ И Кушиј му се поклони на Јоав и отрча. 22Но Ахимаац, Садоковиот син, настојуваше и му велеше на Јоав: „Што и да биде, и јас ќе трчам по Кушиј“, а Јоав му одговори: „Што ти треба да трчаш, синко? Добра вест нема да однесеш.“ 23Ахимаац рече: „Така нека биде, но јас ќе отрчам.“ Тогаш Јоав му рече: „Трчај.“ И Ахимаац потрча по напре­чен пат и го престигна Кушиј. 24#19,9; 2 Цар 9,17-20Во тоа време Давид седеше меѓу двете порти. И стражарот излезе под вратната стреа откај ѕидот, ги крена очите и виде, еден човек трча. 25И стражарот извика и му соопшти на царот. А царот рече: „Ако е сам, вест носи во устата своја.“ А оној сѐ повеќе и повеќе се приближуваше. 26Стражарот виде друг човек дека трча; и стражарот му викна на врата­рот: „Ете, уште еден човек тр­ча.“ Ца­рот рече: „И тој е известувач.“ 27#1 Цар 1,42Стражарот рече: „Го гледам оде­њето на првиот, тоа прилега на одењето на Ахимаац, Садоковиот син.“ А царот рече: „Тој е добар чо­век и доаѓа со добра вест.“ 28Ахимаац извика и му рече на царот: „Мир!“ И му се поклони на царот со лицето до земја и рече: „Благословен Господ, Бог твој, Кој ги предаде луѓето што беа кренале рака против мојот господар, царот!“ 29#1 Мојс 43,27-28; 1 Сам 4,14; 14,16А царот праша: „Здраво ли е момчето Авесалом?“ Ахимаац одго­вори: „Видов голема мешаница, кога царскиот служител Јоав го испраќа­ше својот слуга; но не знам што ста­нуваше таму.“ 30Царот рече: „Помести се и застани тука.“ И тој се помести и застана. 31#18,19; Суд 5,31Ете, пристигна и Кушиј по него. И Кушиј му рече на царот: „Добра вест за господарот мој, царот! Господ ти напра­ви денес правда, спасувајќи те од раката на сите што беа станале против тебе.“ 32#1 Сам 25,26А царот го праша Кушиј: „Здраво ли е момчето Авесалом?“ Кушиј одго­вори: „Да даде Бог со непријателите на мојот господар, царот, и со сите зломисленици против тебе да се случи истото што го снајде момчето!“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in