YouVersion Logo
Search Icon

2 Самоилова 11

11
Давид и Витсавеја
1 # 12,26-28; 1 Лет 20,1 По една година, во времето кога царевите излегуваа во војна, Да­вид го испрати Јоав и слугите свои со него и сите Израелци; и тие ги нападнаа Амонците и ја опколија Рава; а Давид остана во Ерусалим. 2Еднаш приквечер, откако стана од своето легло, Давид се шеташе по пок­ривот на својот царски дом свој и од покривот виде една жена, која се капеше; а жената беше многу убава. 3#23,34.39; 1 Лет 3,5Давид испрати да дознаат, која е таа жена? Му рекоа: „Тоа е Витсавеја, Елијамова ќерка, жена на Хитиецот Урија.“ 4#3 Мојс 15,19; 18,19; 20,10; 5 Мојс 22,22Давид испрати слуги да ја земат; и таа дојде кај него, и тој спиеше со неа. А кога таа се исчисти од својата нечистотија, се врати во домот свој. 5Жената остана бремена и испрати гласници да му јават на Давид и да кажат: „Бремена сум.“ 6Тогаш Давид испрати гласници да му кажат на Јоав: „Испрати го кај мене Хитиецот Урија!“ И Јоав го испрати Урија кај Давид. 7Урија дојде кај него, и Давид го распраша за положбата на Јоав, за положбата на народот и за текот на војната. 8#1 Мојс 43,24.34; Суд 19,21; Лк 7,44Давид му рече на Урија: „Оди во домот свој и измиј си ги нозете.“ Урија излезе од царскиот дом, и по него однесоа и царско јадење. 9Но Урија преспа пред вратата на царскиот дом заедно со сите слуги на господарот свој и не отиде во својот дом. 10Му соопштија на Давид и рекоа: „Урија не отиде во домот свој.“ Давид му рече на Урија: „Еве, си дошол од пат; зошто не си отишол во домот свој?“ 11Урија му одговори на Давид: „Ковчегот Божји, Израел и Јуда се под шаторите, а господарот мој Јоав и слугите на господарот мој престојуваат во полето, а јас да влезам во куќата своја да јадам, да пијам и да лежам со жената своја! Се колнам во животот на твојата душа, тоа нема да го направам.“ 12Тогаш Давид му рече на Урија: „Остани тука и денес, а утре ќе те отпуштам.“ И Урија остана тој ден во Ерусалим до изутрината. 13#11,9И Давид го покани, и Урија јадеше пред него и пиеше, и Давид го опи. Но вечерта Урија отиде да спие на леглото свое со слугите на својот господар, а во домот свој не отиде. 14#1 Цар 12,9; 21,8-10; 2 Цар 10,1-7Изутрината Давид напиша писмо до Јоав и го испрати по Урија. 15Во писмото напиша вака: „Поста­вете го Урија таму, каде што ќе има најсилна војска, и отстапете од него, за да биде погоден.“
Смртта на Урија, мажот на Витсавеја
16Затоа, кога Јоав го опседнуваше градот, го постави Урија на такво мес­то, за кое знаеше дека таму има храбри мажи. 17#11,23-24Излегоа од градот мажи, се суд­рија со Јоав, и неколкумина од народот, од Давидовите слуги, паднаа: убиен беше исто така и Хитиецот Урија. 18Тогаш Јоав испрати гласници да му кажат на Давид за целиот тек на борбата. 19Тој им заповеда на гласниците, велејќи: „Кога ќе му раскажете на царот за целиот тек на битката 20и ако видите дека царот се разгневува и ве прашува: ‚Зошто сте отиш­ле да се биете толку блиску до градот? Не знаете ли дека врз вас ќе фрлаат стрели од ѕидот? 21#Суд 9,50-54Кој го уби Авимелех, синот на Јерубешет? Нели фрли жена врз него од ѕидот парче од воденички камен, го погоди и тој умре во Тевец? А вие, зошто се приближивте до ѕидот?‘ – тогаш ти кажи: ‚И твојот слуга Хи­тиецот Урија исто така е погоден и умре.‘“ 22Отиде гласникот, му раскажа на Давид сѐ за што го беше испратил Јоав. 23Тогаш гласникот му рече на Давид: „Тие луѓе нѐ надвиваа и излегоа против нас во полето, и ние ги гоневме, до влезот на портите; 24во тоа време стрелците стрелаа од ѕидот врз слугите твои, и загинаа некои од царските слуги; умре и твојот слуга Хитиецот Урија.“ 25Тогаш Давид му рече на гласникот: „Кажи му на Јоав вака: ‚Да не те буни таа работа, зашто ножот истребува некогаш еден, некогаш друг; засили ја борбата против градот и сруши го‘. Така ќе го охрабриш!“ 26#5 Мојс 34,8; 1 Сам 31,13Уриевата жена чу дека нејзиниот маж умре, па плачеше по мажот свој. 27#12,9; 2 Мојс 20,17; 3 Мојс 18,20Кога измина времето за жалење, Давид испрати луѓе и ја зеде во домот свој, и таа му стана жена и му роди син. Но делото што го изврши Давид, беше зло пред очите на Господ.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in