2 Царевите 20
20
Езекиевата болест и оздравување
(2 Лет 32,24; Ис 38,1-8)
1Во тие денови се разболе Езекија до смрт. Тогаш дојде кај него пророкот Исаија, синот на Амоц, и му рече: „Вака вели Господ: ‚среди ги работите за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш.‘“ 2Се сврте Езекија со лицето кон ѕидот и Му се помоли на Господ, велејќи: 3#1 Цар 2,4; 3,6; 8,61; 11,4; 15,3.14; 1 Лет 12,28„О Господи, спомни си дека јас одев пред лицето Твое верно, со срце предадено на Тебе, и го правев она што беше правилно пред очите Твои.“ И заплака Езекија силно. 4Исаија уште не беше излегол од средниот двор, и дојде словото Господово кон него: 5#Ис 25,8; Пс 116,8„Врати се и кажи му на Езекија, владетелот на Мојот народ: вака вели Господ, Бог на твојот предок Давид – Ја чув молитвата твоја, ги видов солзите твои. Јас ќе те излекувам; на третиот ден ќе отидеш во домот Господов; 6#18,32и ќе додадам кон деновите твои петнаесет години, и ќе те спасам од рацете на асирскиот цар – тебе и твојот град, и ќе го заштитам тој град заради Себе и заради Мојот слуга Давид.“ 7Тогаш рече Исаија: „Земете суви смокви.“ И зедоа, и ги наложија на чирот; и тој оздраве. 8#1 Мојс 24,12-14; Суд 6,17-40; 1 Сам 14,10; Ис 7,10-14Езекија му рече на Исаија: „Каков е знакот дека Господ ќе ме излекува и дека на третиот ден ќе одам во домот Господов?“ 9Исаија одговори: „Еве ти знак од Господ дека Господ ќе го исполни словото што го кажал – сакаш ли напред да оди сенката десет степени или десет степени назад?“ 10И рече Езекија: „Лесно е да се помести сенката десет степени напред; не, нека се врати сенката десет степени назад.“ 11Повика пророкот Исаија кон Господ, и Тој ја врати сенката назад десет степени според Ахазовите степени, по кои се спушташе сонцето.
Езекија ги прима пратениците од Вавилон
(Ис 39,1-8)
12 #
2 Лет 32,31
Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син на Баладан од Вавилон, му испрати писмо и подароци на Езекија, зашто беше чул дека Езекија бил болен. 13Езекија, откако ги слушна пратениците, им ги покажа ризниците свои, среброто и златото, и ароматите, и скапоцените масла, и целиот свој склад со оружје и сѐ што се наоѓаше во ризниците негови; и не остана нешто што не им го покажа Езекија во домот свој и во целото свое владение. 14Пророкот Исаија дојде кај царот Езекија и го праша: „Што кажаа тие луѓе, и од каде дојдоа кај тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие, од Вавилон.“ 15Исаија пак праша: „Што видоа тие во домот твој?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дом; не остана нешто што не им го покажав во ризниците свои.“ 16Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј го словото Господово: 17#24,13‚Еве, ќе дојдат дни, и сѐ што е во твојот дом, и што го собрале твоите предци до денес, ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане‘ – вели Господ. 18#24,15Некои од твоите синови, кои ќе произлезат од тебе што ќе ги родиш, ќе бидат одведени и тие ќе бидат слуги во дворецот на вавилонскиот цар.“ 19А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово што ти го изрече.“ И продолжи: „Само нека има мир и правда во моите дни!“ 20Останатите дела на Езекија, за сите негови јуначни подвизи, за тоа како направи езера и водовод и спроведе вода во градот, опишано е во летописите на јудејските цареви. 21И почина Езекија кај своите предци, а на негово место се зацари неговиот син Манасија.
Currently Selected:
2 Царевите 20: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006