YouVersion Logo
Search Icon

2 Коринтјаните 6

6
Апостол Павле охрабрува со својот пример
1 # 1 Кор 3,9 Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја. 2#Ис 49,8Зашто се вели: „Во благопријатно време те услишав и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спа­сението! 3#8,21Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба, 4#4,8-10; 1 Кор 4,9-13туку во сѐ се препорачуваме за слу­жители Божји, со големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби, 5во удари, во затвори, во бунтови, во напори, во бденија, во пости, 6#Рим 12,9; Гал 5,22со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов, 7#10,4; Рим 13,12; Ефес 6,11со проповедта на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака, 8#1 Кор 7,29-31со славата и срамот, при укори и пофалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити; 9#4,11за непознати, а добро сме познати; нѐ држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; како казнети, а неумртвени; 10#8,9; Рим 8,32; 1 Кор 1,7; Фил 4,12нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме. 11#7,3; Пс 119,32Устата наша е отворена за вас Ко­ринтјани, и срцето наше се раширува. 12Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во срцата ваши. 13#1 Кор 4,14За исто вознаградување ви зборувам како на чеда: бидете и вие широки.
Неопходен избор
14 # 5 Мојс 22,10; Јн 8,12 Не впрегнувајте се заедно со без­верниците; зашто какво заедништво постои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината? 15#5 Мојс 13,14Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник? 16#3 Мојс 26,11-12; Ер 32,38; Ез 37,27; 1 Кор 3,16; 6,19Каква спогодба има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.“ 17#Ис 52,11; Ер 51,45; Ез 20,34; 20,41; Откр 18,4„Затоа излезете од нивната средина и одделете се!“ Вели Господ, и „Не до­пирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! 18#2 Сам 7,8; 7,14; Ис 43,6; Ер 31,9; Ос 2,1И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки“, вели Гос­под Седржителот.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in