YouVersion Logo
Search Icon

2 Коринтјаните 1

1
Поздрав
1 # Дела 9,13; 16,1; Рим 1,1; 1 Кор 1,1-2 Павле, апостол на Исус Христос, по волја Божја, и братот Тимотеј, до црквата Божја во Коринт заедно со сите светии по цела Ахаја. 2#Рим 1,7; 1 Кор 1,3Благодат и мир од Бог Отецот наш, и Господ Исус Христос!
Страдањето и утехата се поврзани
3 # Рим 15,5; Ефес 1,3; 1 Птр 1,3 Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха. 4#1,8; 8,2; Дела 14,22Тој нѐ утешува при секоја наша не­волја, та и ние да можеме да ги уте­ши­ме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас са­ми­те! 5#Фил 1,20; Кол 1,24Зашто, како што изобилуваат Хрис­товите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христос. 6#2 Тим 2,10Ако сме во неволја, – тоа е за ваша утеха и спасение; ако сме утешени, тоа е за ваша утеха и спасение. Тие станува­ат делотворни само кога ги претрпувате истите страдања што ги трпиме и ние; 7а и надежта наша за вас е цврста#1,7 Во некои ракописи на ова место е додадено: Се утешуваме ли, се утешуваме за ваша утеха и спасение., знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учес­ници и во утехата. 8#1 Кор 15,32; 1 Сол 4,13Браќа, не сакаме да ја затаиме не­волјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме. 9#4,7; Рим 1,4; 4,17; 8,11; Фил 2,27; Евр 11,19Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во се­бе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите. 10#2 Тим 4,18Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува; 11#4,15; 9,12; Рим 15,30па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени по­ради вас.
Павле ги менува своите планови
12 # 2,17; Дела 23,1; 1 Кор 1,17; 2,1 Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас. 13Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се надеваме дека и до крај ќе го разберете, 14#1 Кор 1,8; Фил 2,16; 4,1; 1 Сол 2,19-20како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос. 15И со таа увереност се готвев да дојдам кај вас порано, та повторно да при­мите благодат, 16#1 Кор 16,5и преку вас да заминам за Ма­ке­до­нија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја. 17#1,12; Рим 7,5Но, сметајќи го ова, можеби лес­но­мислено постапив? Или, пак, што се на­канував, по телото ли се наканував, та моето „Да“ да биде и „Не?“ 18#1 Кор 1,9; 10,13Но Бог е сведок дека нашиот збор до вас не беше „Да“ и „Не.“ 19#Мт 5,37; Дела 16,1; 18,5Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас јас и Силван и Тимотеј, не беше „Да“ и „Не“, туку во Него беше „Да“, 20#Откр 3,14бидејќи сите ветувања Божји во Не­го се „Да“, и во Него „Амин“, за слава Божја преку нас. 21#13,13; 1 Кор 1,6; 1 Јн 2,20.27Бог е Оној Кој нѐ утврди со вас во Христос и нѐ помаза; 22#Рим 5,5; 6,4; Ефес 1,13-14Тој и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши. 23#Фил 1,8А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега; 24#6,1; Рим 11,20; 1 Птр 5,2.3но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме соработници на ваша­та радост, бидејќи во верата вие сте цврсти.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in