2 Летописи 5
5
Пренесување на ковчегот во храмот
1 #
2 Сам 8,11; 1 Цар 6,14 И се заврши сета работа, што ја изврши Соломон за домот Господов. И го внесе Соломон посветеното од татко му Давид сребро и злато, и сите садови ги предаде во ризниците на Божјиот дом. 2#4 Мојс 3,31; 1 Лет 15,25Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите старешини на племињата на Израел и сите началници на домовите на Израеловите синови, за да го пренесат ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, односно од Сион. 3И се собраа кај царот сите Израелци на празникот, во седмиот месец. 4И дојдоа сите старешини израелски. Левитите го кренаа ковчегот; 5#1 Лет 15,2го понесоа ковчегот и скинијата на собранието и сите свети садови, што беа во скинијата, – го понесоа свештеници и левити. 6А царот Соломон и сиот народ, што се беше собрал кај него пред ковчегот, принесуваа жртви – овци и волови, толку многу, што не беше можно да се избројат и пресметаат. 7#Откр 11,19И свештениците го внесоа ковчегот на заветот Господов на местото негово, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите. 8#1 Мојс 3,24Херувимите беа со раширени крилја над местото на ковчегот и го покриваа ковчегот и лостовите негови одозгора. 9Лостовите се издигаа така, што дршките им се гледаа пред Светињата над светињите, но не и надвор; тие се таму и ден денес. 10#2 Мојс 16,34; 5 Мојс 10,2; Евр 9,4Во ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, што Мојсеј ги беше положил на Хорив, кога Господ направи завет со Израеловите синови, по излегувањето нивно од Египет.
Славата Господова
11 #
1 Лет; 24,1-19; Лк 1,8 Кога свештениците излегоа од светилиштето – зашто сите свештеници, што беа таму, се осветија, без разлика на нивните редови, 12#Езд 3,10; 1 Лет 9,33; 13,8тогаш сите пејачи – левити: Асаф, Еман, Једутун и синовите нивни и браќата нивни, облечени во свечени облеки, со кимвали, харфи и лири стоеја на источната страна од жртвеникот, и со нив заедно сто и дваесет свештеници, трубеа со труби. 13#2 Мојс 40,34; Ер 33,11; Пс 100,5; Езд 3,11; 1 Лет 16,34И додека трубеа и пееја сложно во еден глас, воспевајќи и славопоејќи Го Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите Го фалеа Господа дека е добар дека милоста Негова е вечна, – тогаш домот Господов се исполни со облак, 14#2 Мојс 19,16; 40,35; Откр 15,8така што поради облакот свештениците не можеа да продолжат со служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом.
Currently Selected:
2 Летописи 5: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006