2 Летописи 29
29
Владеењето на царот Езекија во Јудеја
(2 Цар 18,1-3)
1 #
1 Лет 3,13
Езекија стана цар на дваесет и пет години, и царуваше во Ерусалим дваесет и девет години; мајка му се викаше Авија, Захариева ќерка. 2Тој го правеше она што беше угодно пред очите Господови, токму онака како и неговиот предок Давид.
Очистување на храмот
3 #
28,24; 2 Цар 18,16 Уште во првата година на царувањето свое, во првиот месец, тој ги отвори вратите на домот Господов и ги обнови; 4и им заповеда на свештениците и левитите да дојдат, ги собра на источниот плоштад 5#3 Мојс 11,44; Неем 13,9и им рече: „Послушајте ме, левити! Сега осветете се, осветете го и домот на Господ, Бог на предците ваши; исфрлете ја нечистотијата од светилиштето. 6#Ер 2,27; 18,17; Ез 23,35; Дан 9,5-6; Езд 9,7; 1 Лет 5,25Зашто предците наши постапуваа неугодно пред очите на Господ, нашиот Бог, Го оставија, го одвратија лицето свое од Господовото живеалиште, Му свртеа грб, 7#2 Мојс 30,7ја затворија вратата на притворот, ги угаснаа светилниците, не палеа кадило и не принесуваа сепаленици во светилиштето на израелскиот Бог. 8#3 Мојс 26,32; 5 Мојс 28,25; 1 Цар 9,7; Ер 18,16И гневот Господов беше врз Јудеја и врз Ерусалим, и Тој ги предаде на презир, на опустошување и на потсмев, како што гледате со очите свои. 9Ете, предците наши паднаа под меч, а синовите наши, и ќерките наши, и жените наши затоа се во плен во туѓа земја досега. 10#4 Мојс 25,4; 2 Цар 11,17; Езд 10,14И сега имам на срце да склучам завет со Господ, Бог Израелов, та да го отстрани од нас пламенот на гневот Свој. 11#4 Мојс 3,10Деца мои! Не бидете небрежни, зашто Господ ве избра за да стоите пред лицето Негово, да Му служите и да Му бидете служители и да кадите.“ 12#4 Мојс 3,17-20Тогаш станаа левитите: Маат, синот Амасаев, и Јоил, синот Азариев – од синовите Каатови; и од синовите Мерариеви: Кис, синот Авдиев, и Азарија, синот Јехалелелов; и од племето Гирсоново: Јоах, синот на Зима, и Еден, синот Јоахов; 13и од синовите Елицафанови: Шимри и Јеиел; и од синовите Асафови: Захарија и Матанија; 14и од синовите Еманови; Јехиил и Шимеј; и од синовите Једутунови: Шемаја и Узиил. 15#Ис 1,25; 1 Лет 23,28; Мт; 21,12-13; 2 Сам 15,23Тие ги собраа браќата свои, се осветија и отидоа по заповед на царот да го очистат домот Господов, според словото Господово. 16Свештениците влегуваа внатре во домот Господов, за да го очистат, и сето нечисто, она што го најдоа во храмот Господов, го изнесоа во дворот на домот Господов, а левитите го зедоа тоа да го изнесат надвор кон потокот Кедрон. 17И почнаа да осветуваат на првиот ден од првиот месец, и на осмиот ден на истиот месец влегоа во тремот Господов; го осветуваа домот Господов осум дена и на шеснаесеттиот ден од првиот месец завршија.
Повторно осветување на храмот
18Тогаш дојдоа во домот кај царот Езекија и рекоа: „Го исчистивме домот Господов и жртвеникот за сепаленици, и сите негови садови, и трпезата за принесените лебови, и сите нејзини садови; 19сите садови што беше ги зафрлил царот Ахаз во текот на царувањето свое, во своето беззаконие, ги приготвивме и осветивме; ете, тие се пред Господовиот жртвеник.“ 20Утредента рано царот Езекија стана, ги собра градските началници и отиде во домот Господов. 21#3 Мојс 4,13-14; Езд 6,17И дотера седум телиња, седум овни, седум јагниња и седум козли – да ги принесат како жртва за грев, за царството, за светилиштето и за Јудеја; и им заповеда на свештениците, синови Аронови, да принесат сепаленици врз Господовиот жртвеник. 22#3 Мојс 4,18; 4 Мојс 18,17И ги заклаа телците, а свештениците зедоа крв и го поросија жртвеникот; ги заклаа овните и го поросија со крв жртвеникот; ги заклаа јагнињата и го поросија со крв жртвеникот. 23#3 Мојс 4,15; 16,5Ги дотераа и козлите, кои беа жртва за грев, пред царот и собранието, и тие ги положија врз нив рацете свои. 24#2 Мојс 29,36; 3 Мојс 1,1-17; 4,1-35; Езд 8,35Свештениците ги заклаа и го исчистија со нивната крв жртвеникот, за да се простат гревовите на целиот Израел, зашто царот беше заповедал да се принесе сепалинца и жртва за грев за целиот Израел. 25#1 Сам 22,5; 1 Лет 25,6И постави левити во домот Господов со кимвали, харфи и лири, според наредбите на Давид и Гад, царскиот јасновидец, и на пророкот Натан, бидејќи таа заповед беше дадена од Господ преку пророците Негови. 26#Езд 3,10; 1 Лет 15,16.24И застанаа левитите со Давидовите свирки и свештениците со труби. 27#1 Сам 16,16Тогаш Езекија заповеда да принесат сепаленица врз жртвеникот. И кога почнаа да ја принесуваат сепаленицата, почна пеење на Господ со звуци на трубите и свирките на Давид, царот израелски. 28И целото собрание се молеше, пејачите пееја и трубите трубеа, сѐ додека не се изврши сепаленицата. 29А кога заврши сепаленицата, царот и сите, што беа кај него, се наведнаа и се поклонија. 30Царот Езекија и началниците им рекоа на левитите да Го слават Господа со зборовите на Давид и јасновидецот Асаф; тие славеа со радост и се наведнуваа и се поклонуваа. 31#2 Мојс 25,2; Евр; 13,15-16Продолжи Езекија и рече: „Сега вие Му се посветивте на Господ: пристапувајте и принесувајте жртви и благодарствени приноси во домот Господов.“ И целото собрание почна да принесува жртви и благодарствени приноси, а секој кој имаше срдечна желба принесуваше и сепаленици. 32А бројот на сепалениците, што собранието ги донесе, изнесуваше: седумдесет волови, сто овни, двесте јагниња – сето тоа за сепаленица на Господ. 33Други свештени жртви имаше: шестотини глави крупен добиток и три илјади ситен добиток. 34#Ез 44,11Но свештениците беа малку и не можеа да ги одерат кожите од сите сепаленици, па им помагаа браќата нивни левитите, додека се сврши работата и додека се осветија другите свештеници, зашто левитите беа поусрдни во желбата да се посветат, отколку свештениците. 35#1 Мојс 4,4; 35,14; 2 Мојс 29,13А притоа имаше многу сепаленици со масни меса од жртвите за помирување и со преливи врз сепаленицата. Така беше обновено служењето во домот Господов. 36И се радуваше Езекија и целиот народ, поради тоа што Бог така го расположи народот, бидејќи тоа стана неочекувано.
Currently Selected:
2 Летописи 29: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006