YouVersion Logo
Search Icon

2 Летописи 27

27
Владеењето на Јотам во Јудеја
(2 Цар 15,32-38)
1 # 2 Цар 15,32; 1 Лет 3,12 Јотам беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; мајка му се викаше Јеруш а, Садокова ќерка. 2Тој го правеше она што Му беше угодно на Господ, токму онака како што правеше Озија, таткото негов, само што не влегуваше во Госпо­довиот храм, а народот сѐ уште грешеше. 3#Неем 3,26Тој ја изгради и горната врата на домот Господов и изгради многу нешто на ѕидот Офел; 4изгради и градови во јудејската планина, а во горите изгради дворци и кули. 5#1 Мојс 19,38Тој војуваше со царот на Амон­ците и го победи, и Амонците му дадоа во таа година сто кикари сребро и десет илјади мери пченица и десет илјади мери јачмен. Тоа му го даваа Амонците и во втората и третата година. 6Затоа Јотам беше толку силен, бидејќи ги управуваше патиштата свои пред Господ, својот Бог. 7Другите дела на Јотам и сите негови војни и однесување се опиша­ни во Книгата на царевите израелски и јудеј­ски. 8Тој беше на дваесет и пет години кога стана цар, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим. 9И почина Јотам кај своите предци, и го погребаа во Давидовиот град. И на негово место се зацари синот негов Ахаз.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in