YouVersion Logo
Search Icon

2 Летописи 25

25
Зацарувањето на Амасија
(2 Цар 14,2-6)
1Амасија се зацари на дваесет и пет години и царуваше во Еру­салим дваесет и девет години; мајка му се викаше Јехоадан, од Ерусалим. 2#1 Цар 8,61Тој го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, но не со полно срце. 3Кога се зацврсти на царството, тој ги уби слугите свои, што го беа убиле царот, таткото негов. 4#4 Мојс 26,11Но децата нивни не ги погуби, бидејќи е напишано во Законот, во книгата Мојсеева, каде што Господ запо­ведал, велејќи: да не се убиваат татков­ците заради децата, и децата да не бидат убивани заради татковците, туку секој треба да умре заради својот престап.
Војна против Едом
(2 Цар 14,7)
5 # 2 Мојс 30,14; 2 Сам 24,2; 1 Лет 21,1 Амасија ги собра Јудејците, ги нареди според племињата нивни под власта на илјадници и стотници – сите Јудејци и Венијаминовци; ги преброи од дваесет години и нагоре, и ги најде триста илјади души одбрани, кои одат во војна и држат копје и штит. 6Тој најми од Израелците уште сто илјади храбри војници за сто кикари сребро. 7Но дојде кај него човек Божји и рече: „Царе, нека не оди со тебе израелска војска, зашто Господ не е со Изра­елците, не е со никого од Ефремовите синови, 8туку оди сам, врши работа, бори се храбро во војната. Инаку, ќе те фрли Бог пред непријателот, зашто во Бога има сила и да поткрепи и да собори.“ 9Амасија му одговори на Божјиот човек: „А што да се прави со стоте кикари, што ѝ ги дадов на израелската војска?“ Божјиот човек рече: „Господ може да ти даде повеќе од тоа.“ 10Амасија ги оддели, – војската, која беше дошла кај него од земјата Ефре­мова, – да си одат во своето место. И тие се разгневија силно против Јудеја и се вратија во своето место многу налу­тени. 11#2 Цар 14,7Амасија пак се охрабри и го поведе народот свој, та отиде во Солената До­лина и уби десет илјади синови Сеи­рови; 12#Пс 141,6; Лк 4,29и заробија десет илјади живи сино­вите Јудини и ги одведоа на вр­вот од карпата, и ги турнаа оттаму и тие сите сосема се разбија. 13А војската, што ја врати Амасија, за да не оди со него во војна, се растури по јудејските градови од Сама­рија до Веторон, во кои уби три илјади души и собра многу плен. 14#2 Мојс 20,3; Ис 44,15Кога си дојде Амасија по поразот на Едомците, ги пренесе боговите на Сеировите синови, ги постави кај себеси за богови и пред нив се поклонуваше и им кадеше. 15#Ис 36,20Поради тоа се разгори гневот Господов против Амасија, и Тој му испрати пророк, кој му рече: „Зошто прибегнуваш кон боговите на тој народ, кои не го избавија својот народ од раката твоја?“ 16Додека тој говореше, царот одго­вори: „Зар те поставив за царски советник? Престани, за да не те убијат!“ И пророкот престана, но го рече уште ова: „Знам дека Господ решил да те погуби, бидејќи ти го направи тоа и не го послуша мојот совет.“
Војна против Израел
(2 Цар 14,8-20)
17Се посоветува Амасија, царот јудеј­ски, и испрати да му кажат на израелскиот цар Јоас, син на Јоахаз, Јехуов син: „Излези да се видиме лице в лице.“ 18#Суд 9,8-15Тогаш израелскиот цар Јоас ис­прати до јудејскиот цар Амасија да му кажат: „Трнот леванонски испра­тил да му кажат на кедарот леванонски: дај ја својата ќерка на синот мој за жена. Но минале диви ѕверови леванонски и го изгазиле тој трн. 19Ти велиш: ете, ги избив Едом­ците, – и срцето твое се возгордеа и стана пре­многу суетно. Седи подобро во домот свој. Зошто да се зафаќаш со опасна работа? Ќе паднеш ти, и Јудеја со тебе.“ 20Но Амасија не послуша, бидејќи тоа беше од Бога, – за да ги предаде во раката на Јоас, заради тоа што прибегна кон едомските богови. 21Излезе Јоас, царот израелски, и се видоа лице в лице, тој и Амасија, цар јудејски, во Ветсамис јудејски. 22И беа разбиени Јудејците од Изра­елците, и се разбегаа секој во шаторот свој. 23#Ер 31,38; Неем 8,16И го улови Јоас, царот израелски, Амасија, царот јудејски, син на Јоас, син на Охозија, го доведе во Ерусалим и го собори ерусалимскиот ѕид во дол­жина од четиристотини лакти – од Еф­ремовите Порти до Аголните Порти; 24#2 Сам 6,10-11; 1 Лет; 26,4-15го зеде сето злато и сребро и сите садови, што беа во домот Божји, чувани од Аведар, и ризницата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Самарија. 25Амасија, син Јоасов, цар јудејски, живееше по смртта на израелскиот цар Јоас, Јоахазов син, петнаесет години. 26Другите Амасиеви дела, од првото, па до последното, се опишани во Кни­гата на царевите јудејски и израелски. 27Потоа, откако Амасија отстапи од Господ, направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лакиш. Испратија по него во Лакиш, и го убија таму. 28И го донесоа на коњи, та го погребаа кај предците негови во Јудиниот град.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in