2 Летописи 21
21
Безбожноста на јудејскиот цар Јорам
(2 Цар 8,17-24)
1 #
1 Лет 3,11
И почина Јосафат кај своите предци и беше погребан со своите предци во Давидовиот град. На негово место се зацари синот негов Јорам. 2Неговите браќа, синови Јосафатови беа: Азарија, Јехиил, Захарија, Азарија, Михаил и Сафатија; сите тие беа синови на израелскиот цар Јосафат. 3#Суд 9,5; 1 Цар 2,12Нивниот татко им даде големи подароци во сребро, злато и скапоцености, заедно со утврдените градови во Јудеја, а царството му го предаде на Јорам, бидејќи тој беше првороден. 4Јорам стапи на татковиот престол, се утврди и ги уби со меч сите свои браќа, а исто така и некои израелски началници; 5Јорам беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим осум години; 6тој одеше по патот на израелските цареви, како што постапуваше домот Ахавов, зашто Ахавовата ќерка му беше жена, – и го правеше, она што беше неугодно пред очите Господови. 7#2 Сам 7,13.15; 21,17Но Господ пак не сакаше да го погуби домот Давидов поради заветот, што го беше воспоставил со Давид, и поради тоа што беше ветил да му даде светилник нему и на синовите негови за сите времиња. 8Во неговите дни Едомците се одметнаа од власта Јудина и си поставија цар. 9Затоа Јорам тргна со своите војводи, и со сите коли свои; и станувајќи ноќе, го порази Едом, кого го беа опколиле, и началниците на колите. 10#4 Мојс 33,20Така Едомците им станаа постојани противници на Јудејците, до денес. Во исто време се одметна и Ливна од власта негова, зашто Го беше оставил Господ Бог на своите предци. 11Исто така и идолски светилишта направи по горите јудејски, ги воведе во блудство ерусалимските жители и ја заведе Јудеја. 12#2 Цар 1,16-17И му дојде писмо од пророкот Илија, во кое се велеше: „Вака говори Господ, Бог на твојот татко Давид: ‚затоа што не тргна по патиштата на татко си Јосафат и по патиштата на Аса, царот јудејски, 13#1 Цар 2,32; 16,29-33туку појде по патот на израелските цареви и ги воведе во блудство Јудеја и ерусалимските жители, како што го воведуваше во блудство домот Ахавов, па уште и браќата свои, домот на татко си, кои беа подобри од тебе, ти ги уби. 14Затоа, еве, Господ ќе го порази со голем пораз твојот народ и синовите тво#Дела 1,18и, и жените твои, и целиот имот твој, 15а, пак, тебе, со лута болест, со болест на цревата, така што цревата ќе ти излегуваат од утробата од ден на ден.‘“ 16И го подигна Господ против Јорам духот на Филистејците и Арапите, соседи на Етиопјаните; 17#2 Цар 12,18и тие се кренаа против Јудеја, навлегоа во неа и го ограбија сиот имот, што беше во домот на царот, а исто така и синовите негови, и жените негови, та не му остана друг син, освен Охозија, најмалиот од синовите негови. 18По сето тоа Господ го удри со неизлечива цревна болест. 19Така одеше од ден на ден, а кон крајот на втората година му излегоа цревата од болеста негова и тој умре во страшни маки; и народот не запали за него благопријатни мириси како што правеше за предците негови; 20тој беше на триесет и две години, кога стана цар, царуваше во Ерусалим осум години, и почина неоплакан; го погребаа во Давидовиот град, но не во царските гробници.
Currently Selected:
2 Летописи 21: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006