2 Летописи 17
17
Јосафатовото царување
1 #
1 Цар 22,41-45
#
1 Цар 2,12; 15,24 На негово место се зацари синот негов Јосафат, кој покажа сила против Израелците. 2Тој распореди војски по сите утврдени градови на Јудеја и постави стражи по земјата јудејска и по градовите Ефремови, што ги беше завладеал татко му Аса. 3И Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на таткото свој Давид и не ги бараше Вааловците, 4туку Го бараше Бога на таткото свој и постапуваше по Неговите заповеди, а не по делата на Израелците. 5#1 Сам 10,27И Господ го зацврсти царството во рацете негови; сите Јудејци му носеа подароци на Јосафат; тој се здоби со големо богатство и слава. 6#2 Мојс 34,13; 1 Цар 8,61; 15,14Срцето негово се храбреше на Господовите патишта; притоа тој ги отстрани оброчиштата и паганските светилишта во Јудеја. 7#3 Мојс 10,11; 5 Мојс 6,4-9; Мал 2,7А на третата година од царувањето ги испрати началниците свои Бенхаил, Авдија, Захарија, Натанаил и Михеј да го поучуваат народот по Јудините градови, 8#Ос 4,6; Неем 8,7-8и со нив левитите: Шемаја, Нетанија, Зевадија, Асаил, Шемирамот, Јонатан, Адонија, Товијаху и Тов-Адонија, а со нив уште и свештениците Елишама и Јорам. 9#5 Мојс 28,61; Езд 7,25Тие ги подучуваа Јудејците, носејќи ја со себе Книгата на Законот Господов; ги обиколуваа сите јудејски градови и го учеа народот.
Величието на Јосафат
10 #
1 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,25 И ги обзеде страв Господов сите земни царства околу Јудеја, и не војуваа со Јосафат. 11А од Филистејците му носеа на Јосафат дарови и сребро за данок; исто така и Арапите му донесуваа ситен добиток: седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци. 12Се издигаше Јосафат сѐ повеќе, и изгради во Јудеја домови, градови и тврдини. 13Тој имаше големо богатство во јудејските градови, а во Ерусалим – храбри борци. 14Еве го нивниот список според домовите на нивните предци: од Јуда илјаданачалници: Адна водач, кој имаше триста илјади храбри војници; 15по него Јоанан началник, кој имаше двесте и осумдесет илјади; 16по него Амасија, Зихриев син, кој Му се беше посветил на Господ; тој имаше двесте илјади силни војници. 17#4 Мојс 1,36Од Венијамин: храбриот војник Елијада, кој имаше двесте илјади вооружени со лак и штит; 18по него Јозавад, кој имаше сто и осумдесет илјади вооружени војници. 19Ете, тие му служеа на царот, покрај оние што ги беше распоредил царот во утврдените градови по цела Јудеја.
Currently Selected:
2 Летописи 17: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006