YouVersion Logo
Search Icon

2 Летописи 14

14
1Аса го правеше она што беше добро и угодно пред очите на не­говиот Господ Бог; 2#2 Мојс 23,24; 34,13; Суд 2,2тој ги отстрани жртвениците на туѓите богови и идолските светили­шта, ги скрши статуите и ги исече паганските столбови; 3#1 Лет 16,11им заповеда на Јудејците да Го бараат Господ, Бог на нивните предци, да го исполнуваат законот Негов и заповедите; 4#1 Цар 15,14; Ис 27,9; Ез 6,4ги отстрани од сите градови Јудини идолските светилишта и статуите на сонцето. И царството негово беше спокојно. 5#1 Лет 22,9И бидејќи беше спокојна земјата, тој изгради тврдини во Јудеја; тој не војуваше во тие години, зашто Господ му беше дал спокојство. 6#1 Лет 22,9И им рече Аса на Јудејците: „Да ги изградиме овие градови и да ги загра­диме со ѕидиште и кули, со порти и клу­чеви; земјата е уште на­ша, зашто ние Го побаравме Господа, нашиот Бог; ние Го побаравме, и Тој ни даде спокојство од сите страни.“ И почнаа да градат, и успеваа. 7Воената сила на Аса беше: од Ју­диното колено триста илјади воору­жени со штитови и копја, од Венијами­новото колено двесте и осумдесет илјади јунаци, вооружени со штитови и стрелци со лак. 8#1 Мојс 10,8-9И се крена против нив Зерах, Етио­пјанин, со еден милион војска и триста коли, и стигна до Мареша. 9Му излезе Аса во пресрет, и се распоредија за борба во долината Сефата, кај Мареша. 10#1 Цар 8,44; Пс 9,18; 60,11-12Повика Аса кон Господ, неговиот Бог, и рече: „Господи, нели е во Твоја сила да им помагаш на силни и слаби? Тогаш помогни ни нам, Господи, Боже наш, зашто ние на Тебе се надеваме и во Твое име излеговме против ова мно­жество. Господи, Ти си наш Бог; да не биде човекот посилен од Тебе.“ 11И Господ ги порази Етиопјаните пред Аса и пред Јуда, и Етиопјаните из­бегаа. 12#1 Мојс 10,19; 2 Сам 22,38; Пс 44,1; Неем 9,24Аса, пак, и народот со него ги гоне­ше до Герар; Етиопјаните паднаа толку, што ниеден не остана жив, зашто беа поразени пред Господ и пред Неговата војска. И собраа прилично голем плен. 13#1 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,25Ги разрушија сите градови околу Герар, зашто ужас од Господ налета врз нив; и ги ограбија сите градови и изнесоа од нив многу голем плен. 14Ги разрушија и пастирските колиби, ограбија многу стада од ситен доби­ток и камили, и се вратија во Ерусалим.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in