YouVersion Logo
Search Icon

1 Тимотеј 5

5
Должности кон верниците
1 # 3 Мојс 19,32 Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа; 2старите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота. 3Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици. 4Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога. 5#Ер 49,11; Лк 2,37А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе. 6#Откр 3,1Но онаа, пак, што живее рас­пуш­тено, таа умрела уште додека е жива. 7Порачувај им го уште и тоа, да би­дат беспорочни. 8Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се од­ре­кол од верата и полош е од безверник. 9Во попис да се запише само таква вдовица која не е помлада од шеесет го­дини, и ако имала само еден маж, 10#Јн 13,14; Дела 9,13; Евр 13,2и има сведоштва за добри дела; от­хра­нила деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на пострадани и на секое добро дело усрдно се посветувала. 11А помлади вдовици не примај, зашто кога страстите ќе ги одвратат од Христос, ќе посакаат да се мажат. 12Тие заслужуваат осуда, зашто ја от­фрлиле порано дадената верност. 13#2 Сол 3,11Освен тоа, шетајќи од куќа до куќа, навикнуваат да бидат безработни; и не само безработни, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега. 14#Тит 2,8Заради тоа, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да бидат домаќинки и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење; 15зашто некои веќе скршнаа по са­та­ната. 16Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици.
За свештениците
17 # 1 Сол 5,12 А свештениците, што добро ја извршуваат својата управителска служ­ба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката. 18#5 Мојс 25,4; Лк 10,7; 1 Кор 9,9Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата.“ 19#5 Мојс 19,15; Мт 18,16; 2 Кор 13,1Обвинение против презвитери не прифаќај, освен пред двајца или тројца сведоци. 20#Гал 2,14А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв. 21Те заколнувам пред Бога, пред Господ Исус Христос и пред избраните ангели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш по пристрасност. 22Раце на никого не полагај пребрзо, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист! 23Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања! 24Гревовите на некои луѓе се јасни и однапред ги водат на суд, а на некои по нив одат. 25#Мт 5,16; 10,26Исто така и добрите дела се јасни; а оние што не се такви, не можат да се сокријат.

Currently Selected:

1 Тимотеј 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in