YouVersion Logo
Search Icon

1 Тимотеј 3

3
Управителите на Црквата
1 # 1,15 Верно е словото: тежнее ли некој кон епископство, тој сака добра ра­бота. 2#3,12; 2 Тим 2,24; Тит 2,6Епископот треба да е непорочен, маж само на една жена, разбран, разумен, уреден, гостољубив, способен да поучува; 3не пијаница, ни насилник, ни алчен, туку кроток, мирољубив и не среброљубив; 4#3,12својата куќа добро да ја управува и да ги држи чедата во послушност со се­та сериозност. 5#1 Кор 1,2Зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја? 6Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и да падне под осуда, како ѓа­волот. 7#Рим 12,17; 1 Кор 5,12; 2 Кор 8,21Тој треба уште да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓа­волот.
Ѓакони
8Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба; 9#1,19да ја пазат тајната на верата со чиста совест. 10И тие треба најнапред да бидат ис­питани, та после, ако се непорочни, да станат служители. 11#Тит 2,3Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ. 12#3,2-4Ѓаконите треба да бидат мажи на една жена, добро да управуваат со децата свои и куќата своја. 13Зашто оние што служат добро како ѓакони, се здобиваат со угледна по­лож­ба и голема смелост во верата што ја имаат во Исус Христос.
Тајната на побожноста
14А ова ти го пишувам со надеж дека скоро ќе дојдам кај тебе. 15#1 Кор 1,2; Ефес 2,19-22; Тит 1,7А, ако случајно се позабавам, да знаеш како треба да се однесуваат во Божјиот дом, кој е Црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината. 16#Мк 16,19; Јн 1,14; 16,10; Дела 1,9; Рим 1,3-4; Ефес 3,10; 1 Птр 1,12А, несомнено, голема е тајната на побожноста. Бог, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ангелите, проповедан на народите, веруван во светот, вознесен во слава.

Currently Selected:

1 Тимотеј 3: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in