1 Тимотеј 1
1
Поздрав
1 #
Рим 1,1; Кол 1,27 Павле, апостол на Исус Христос, по повелба на Бога нашиот Спасител и Господ Исус Христос, нашата надеж, 2#Дела 16,1; Фил 2,22; Тит 1,4до Тимотеј, вистинското чедо по вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот наш и Христос Исус нашиот Господ!
Опомени против лажните учења
3 #
Дела 20,1
Како што на тргнување за Македонија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење, 4#4,7; 6,4.20; 2 Тим 2,14; 2,16.23; 4,4; Тит 1,14; 3,9и да не се занимаваат со басни и бескрајни родословија, кои повеќе предизвикуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата. 5#1 Кор 4,4А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера. 6Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија, 7и сакаат да бидат учители по Законот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат.
Вистинската улога на Законот
8 #
Рим 7,7.12 А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува. 9#Рим 1,29; Гал 5,23Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и непокорници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци, 10#2 Кор 4,4; Откр 18,13за блудници, за мажеложници, трговци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука, 11#6,15; Јн 1,14; 2 Кор 4,4; 1 Сол 2,4; Тит 1,3според славното Евангелие на блажениот Бог, кое ми е мене доверено.
Благодарност за Божјото милосрдие
12 #
Дела 9,15; Гал 1,15-16 Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, зашто сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба, 13#Дела 3,17; 8,3мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, бидејќи тоа го правев без да знам, во неверие. 14#Рим 5,20; 1 Кор 15,10Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ. 15#Лк 15,2; 19,10; 2 Птр 3,15Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас. 16Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот вечен. 17#6,16; Рим 16,24; Кол 1,15А на Царот на вековите, на Нераспадливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог – нека е чест и слава во сите векови. Амин!
Да се бориш како добар војник
18 #
4,14; 6,12; 2 Тим 4,7 Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според пророштвата кои прво тебе те посочија да се бориш како добар војник потпирајќи се на нив, 19#3,9имајќи вера и добра совест, која некои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата; 20#1 Кор 5,5; 2 Тим 2,17; 4,14меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната за да се научат да не хулат.
Currently Selected:
1 Тимотеј 1: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006