YouVersion Logo
Search Icon

1 Солуњаните 4

4
Животот кој му е угоден на Бога: чистота, братска љубов
1 # 2,13; Рим 12,1-2; 2 Сол 3,6 И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате; 2#4,15 Вие знаете какви пораки ви дадовме од името на Господ Исус. 3#5,23; 3 Мојс 19,2; Мт 6,10; Рим 6,19; Ефес 1,4; Евр 10,10; 1 Птр 1,16Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство, 4#1 Кор 6,13.15; 7,2; 1 Птр 3,7и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост, 5#Ер 10,25; Пс 79,6а не во похотна страст, како незна­бошците, кои не Го познаваат Бога, 6#5 Мојс 32,35; Пс 94,1и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборував­ме и сведочевме порано. 7#Јн 17,19; 2 Сол 2,13-14; 1 Птр 1,15-16Зашто Бог не нѐ повика кон нечис­тота, туку во светост. 8#Ез 36,27; 37,14; Лк 10,16; Рим 5,5; 2 Кор 1,22; Гал 4,6; 1 Јн 3,24А кој го отфрла тоа, тој отфрла не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас. 9#Ис 54,13; Ер 31,33-34; Јн 6,45; 13,34За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, зашто вие сами сте нау­чени од Бога да се сакате еден со друг, 10#3,12; 2 Сол 3,4бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве поттик­нуваме, браќа, уште повеќе да напредувате, 11#Ефес 4,28; 2 Сол 3,6-12и усрдно да се грижите да живеете мирно, да си ја извршувате сопствената работа и да работите со свои раце како што ви заповедавме; 12#Мк 4,11; 1 Кор 5,12; Кол 4,5да постапувате чесно спрема надво­решните и да не зависите од никого.
Воскресението на мртвите и очекување на денот на Господовото доаѓање
13 # Ефес 2,12 Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат на­деж. 14#Мк 9,31; Рим 14,9; 1 Кор 15,3-4; 2 Кор 4,14Зашто, ако веруваме дека Исус ум­ре и воскресна, така Бог и упокоените преку Исус, ќе ги доведе со Него. 15#Мт 16,27; 1 Кор 7,10.25; 15,51Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да стигнеме пред упокоените. 16Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе вос­креснат мртвите; 17а потоа, ние, што сме останале жи­ви, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ. 18Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in