YouVersion Logo
Search Icon

1 Самоилова 5

5
Светиот ковчег кај Филистејците
1 # Ис.Н. 11,22; 13,3 А Филистејците го зедоа ковчегот Божји и го пренесоа од Евен-Езер во Ашдод. 2#31,10; Суд 16,23; 1 Лет 10,10Го зедоа Филистејците ковчегот Божји, го внесоа во храмот на Дагон и го поставија до овој идол. 3#Ис 19,1; 46,1; Пс 97,7На другиот ден, откако жителите на Ашдод дојдоа рано наутро во храмот на Дагон, ете, Дагон лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов. И го зедоа Дагон и го поставија пак на местото негово. 4На следниот ден, откако станаа утрината, ете, Дагон пак лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов; главата на Дагон и обете дланки на рацете негови беа пресечени, секоја одделно, и лежеа на прагот; само трупот на Дагон беше останал. 5#Соф 1,9Поради тоа жреците Дагонови и си­те други, кои доаѓаа во домот на Дагон во Ашдод, не стапнуваат на прагот Да­гонов до ден – денешен. 6#2 Мојс 9,3; 5 Мојс 2,15; 28,27; Суд 2,15; 7,13; 12,15И раката Господова се протегна врз жителите на Ашдод, и Бог ги удри и ги казни со гнасни чирови во Ашдод и околните места негови. 7Откако го видоа тоа ашдодците, рекоа: „Да не остане ковчегот на Бог Израелов кај нас, зашто тешка Му е раката и за нас и за нашиот бог Дагон.“ 8И испратија, та ги собраа кај себе сите филистејски кнезови и рекоа: „Што да правиме со ковчегот на Бог Израелов?“ А тие рекоа: „Нека се пренесе ковчегот на Бог Израелов во Гет.“ И го испратија ковчегот на Бог Израелов во Гет. 9#Ис 22,5; Зах 14,13Откако го пренесоа, раката Госпо­дова дојде врз градот и направи ужас мошне голем, и ги удри Господ градските жители од мал до голем, и се појавија на нив израстоци. 10#2 Мојс 10,7Затоа тие го испратија ковчегот Божји во Екрон. И кога ковчегот Божји дојде во Екрон, екронците извикаа и рекоа: „Го донесоа кај нас ковчегот на Бог Израелов за да нѐ помори нас и народот наш.“ 11И испратија, та ги собраа сите фи­листејски кнезови и рекоа: „Испратете го ковчегот на Бог Израелов; нека се вра­ти на местото свое за да не нѐ помори нас и народот наш.“ Зашто се појави смртен страв: по целиот град раката Божја силно се протегна врз нив. 12#2 Мојс 2,23И оние што не умреа, беа заразени со гнасни чирови, така што пискотот од градот се издигаше до небото.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy