YouVersion Logo
Search Icon

1 Самоилова 21

21
1Давид стана и замина, а Јонатан се врати во градот. 2#22,9.11.19; Ис 10,32; Неем 11,32Давид дојде во Нов кај свештеникот Ахимелех, и Ахимелех се збуни, кога се сретна со Давид, па му рече: „Зошто си сам? И зошто нема никој со тебе?“
Давид во Нов кај свештеникот Ахимелех
3Давид му рече на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде заповед, ве­лејќи: ‚Никој нека не знае, за што сум те испратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставив слугите свои на определено место; 4а сега дај ми што имаш при рака, пет леба, или што ќе се најде.“ 5#2 Мојс 19,15; 3 Мојс 24,5-9Свештеникот му одговори на Давид, рече: „Немам при рака обичен леб, туку имам осветен леб. Само, ако твоите луѓе се воздржале од жени, нека јадат.“ 6Тогаш Давид му одговори на свеш­теникот и му рече: „Жени кај нас не­маше како и секогаш, кога одиме во поход, и садовите на момчињата се чис­ти. И ако патот е нечист, сепак лебот ќе остане чист во садовите.“ 7#22,9; 2 Мојс 25,30; 1 Лет 9,32; Мт 12,3-4; Мк 2,25-26Свештеникот му даде од осветениот леб, бидејќи немаше друг леб освен лебовите принесени на жртвеникот што беа земени пред лицето на Господ, та по симнувањето нивно да се стават топли лебови. 8Тој ден таму се наоѓаше еден од слугите Саулови, по име Доег, Едомец, началник на Сауловите овчари. 9Давид му рече на Ахимелех: „Не­маш ли тука при рака копје или меч? Зошто јас не зедов со себе ниту меч, ниту друго оружје, бидејќи пораката на царот беше итна.“ 10#17,2.51Свештеникот одговори: „Ете го мечот на Филистеецот Голијат, кого го уби ти во Теревинтската Долина, за­виткан во платно, зад ефодот; ако сакаш, земи го: освен него тука нема друг меч.“ 11Давид стана и избега истиот ден од Саул, и дојде кај гатскиот цар Анхус.
Давид кај Филистејците од Гет
12 # 18,7; 29,5 Му рекоа на Анхус слугите негови: „Овој ли е Давид, царот на онаа земја? Нели му пееја нему луѓето, велејќи: ‚Саул порази илјади, а Давид – десетици илјади?‘“ 13Давид ги стави тие зборови во срцето свое и многу се исплаши од Анхус, царот на Гет. 14#Пс 34,1Тогаш го измени лицето свое пред нив, и се преправаше дека е умоболен пред очите нивни и удираше по вратите, се фрлаше на рацете свои и пушташе лиги по брадата своја. 15#2 Цар 9,11; Ер 29,26; Ос 9,7Анхус им рече на робовите свои: „Гледате, овој човек е луд; зошто сте го довеле кај мене? 16Зар малку луди имам кај себе, та сте го довеле да лудува пред мене? Зар тој ќе влезе во куќата моја?“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in