1 Самоилова 19
19
Јонатан подготвува заштита за Давид
1 #
18,1-4; 20,17 Саул му говореше на синот свој Јонатан и на сите слуги свои да го убијат Давид. Но Сауловиот син Јонатан многу го сакаше Давид. 2Јонатан му кажа на Давид и рече: „Татко ми Саул сака да те убие. Затоа пази се утре. Сокриј се и биди на тајно место. 3#20,9.13Јас, пак, ќе излезам и ќе застанам до татко ми на нивата, каде што ќе бидеш ти, и ќе му позборувам на татко ми за тебе; што ќе разберам, ќе ти соопштам.“ 4#20,1.8; 24,12Јонатан му говореше на татко си Саул добро за Давид, велејќи му: „Да не греши царот против својот слуга Давид, зашто тој во ништо не згрешил против тебе, и делата негови се многу корисни за тебе. 5#5 Мојс 19,10.13; 21,8-9; 27,25; 2 Цар 21,16; 24,4Тој ја изложи душата своја на опасност за да го порази Филистеецот; и Господ изврши големо спасение за сиот Израел; ти го виде тоа и се радуваше; зашто сега сакаш да згрешиш против невина крв и да го убиеш Давид без причина?“ 6И Саул го послуша гласот на Јонатан, и се заколна Саул: „Се колнам во Господ! Давид нема да умре.“ 7Тогаш Јонатан го повика Давид; му ги соопшти Јонатан сите тие зборови и го доведе Јонатан Давид кај Саул, и тој беше кај него, како и порано.
Михала го спасува Давид
8Почна пак војна, и излезе Давид, пак се биеше против Филистејците, и им нанесе голем пораз, и тие бегаа од него. 9#8,10-11И лош дух од Бога го нападна Саул, и тој седеше дома со копје во раката, а Давид свиреше со рака по струните. 10Саул сакаше да го прикове Давид со копјето за ѕидот, но Давид отскокна од Саул, и копјето се забоде во ѕидот; а Давид избега и се спаси таа ноќ. 11И испрати Саул слуги во куќата на Давид да го пречекаат и да го убијат до изутрината. Тогаш му рече на Давид жена му Михала: „Ако не ја спасиш душата своја оваа ноќ, утре ќе бидеш убиен.“ 12#Ис.Н. 2,15; Дела; 9,24-25; 2 Кор 11,32Тогаш Михала го спушти Давид низ прозорецот, и тој отиде, избега и се спаси. 13#1 Мојс 31,19; 31,34-35; Суд 17,5; 2 Цар 23,24А Михала зеде една статуа, ја стави во леглото, а на перницата стави козја кожа, и ја покри со облека. 14#Ис.Н. 2,5И Саул испрати слуги да го фатат Давид; но Михала рече: „Болен е.“ 15А Саул испрати слуги да го видат Давид, велејќи: „Донесете ми го на легло за да го убијам.“ 16Дојдоа слугите, и ете, во леглото статуа, а на перницата козја кожа. 17Тогаш Саул ѝ рече на Михала: „Зошто ме излага така и дозволи мојот непријател да избега?“ А Михала му одговори на Саул: „Тој ми рече: пушти ме, инаку ќе те убијам.“
Давид и Саул во Нават
18 #
7,17; 2 Цар 6,1-2 Давид избега, се спаси; дојде кај Самоил во Рама и му раскажа сѐ што прави со него Саул. И тргна со Самоил, и се запреа во Нават, во близина на Рама. 19И му јавија на Саул, велејќи: „Ете, Давид е во Нават, кај Рама.“ 20#10,5-6; 4 Мојс 11,25Тогаш Саул испрати слуги да го фатат Давид, и кога тие видоа група пророци, кои пророкуваа, и Самоил, нивниот началник, духот Божји слезе врз Сауловите слуги, и тие почнаа да пророкуваат. 21Му јавија за тоа на Саул, и тој испрати други слуги, но и тие почнаа да пророкуваат. Потоа Саул испрати и трети слуги, но и тие почнаа да пророкуваат. 22Саул отиде сам во Рама, и дојде до големиот бунар во Сеху, и запраша, велејќи: „Каде се Самоил и Давид?“ И рекоа: „Ете, во Нават, кај Рама.“ 23Тој отиде таму во Нават, во близина на Рама, и врз него слезе Духот Божји, и тој одеше и пророкуваше, додека стигна до Нават, кај Рама. 24#10,9-12Ја соблече и тој облеката своја, и пророкуваше пред Самоил, и целиот тој ден и целата таа ноќ лежеше необлечен; затоа велат: „Зарем и Саул станал пророк?“
Currently Selected:
1 Самоилова 19: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006