YouVersion Logo
Search Icon

1 Самоилова 11

11
Саул извојува победа над Амонците
1 # Суд 21,8 И дојде Амонецот Нахас и го опколи Јавеш Галаадски. И сите жители на Јавеш му рекоа на Нахас: „Склучи со нас сојуз, и ние ќе ти служиме!“ 2#4 Мојс 16,14Но Амонецот Нахас им рече: „Ќе склучам сојуз со вас, но под услов, на секого од вас да му го извадам десното око и со тоа да нанесам срам врз целиот Израел.“ 3Старешините на Јавеш му рекоа: „Дај ни рок од седум дена да испратиме пратеници по сите израелски области, и, ако никој не ни помогне, ќе ти се предадеме.“ 4#30,4; 1 Мојс 21,16; Суд 2,4; 2 Сам 13,36И пратениците дојдоа во Гива Сау­лова и му ги раскажаа на народот гласно тие зборови; и сиот народ извика и заплака. 5А ете, Саул доаѓаше од нива по воловите свои и рече: „Што станало со народот, та плаче?“ И му ги кажаа зборовите на жителите на Јавеш. 6#Суд 3,10; 6,34; 11,29; 14,6.19; 15,14И слезе Духот Божји врз Саул, откако ги чу тие зборови, и силно се разгневи; 7#1 Мојс 15,10.17; Суд 19,29; 21,5.8.10; Ер 34,18па зеде два вола, ги исече на парчи­ња и ги испрати по сите израелски предели преку тие пратеници, обја­вувајќи дека така ќе биде постапено со волови­те на секого што нема да тргне по Саул и по Самоил. И страв Господов падна врз народот, и тргнаа сите како еден човек. 8#Суд 20,2Саул ги преброи во Безек, и се најдоа синовите Израелови триста илјади и мажи Јудини – триесет илјади. 9И им рече на дојдените пратеници: „Вака кажете им на жителите на Јавеш Галаадски: утре ќе имате помош штом ќе припече сонцето.“ И пратениците отидоа и им јавија на јавешките жите­ли, и тие се зарадуваа. 10#11,3И жителите на Јавеш му рекоа на Нахас: „Утре ќе ви се предадеме, и пра­вете со нас што сакате.“ 11#2 Мојс 14,24; Суд 7,16; 9,43; 2 Сам 18,2Следниот ден Саул го раздели на­родот во три групи, и тие се провлекоа среде логорот по утринската стража и до дневниот припек ги поразија Амон­ците; другите Амонци се распрснаа та­ка што од нив не останаа ни двајца заедно. 12#10,27; Лк 19,27Тогаш народот му рече на Самоил: „Кои беа тие што рекоа – ‚Та Саул ли ќе царува над нас?‘ – Дајте ги тие луѓе, и ние ќе ги убиеме.“ 13#19,5; 2 Сам 19,22-23Но Саул рече: „Денес не треба никој да се убие, зашто денес Господ изврши спасение во Израел.“ 14#10,25И Самоил му рече на народот: „Да одиме во Гилгал и таму одново да го осветиме царувањето.“ 15И сиот народ отиде во Гилгал и го поставија таму Саул за цар пред Господ, во Гилгал, и принесоа таму жртви за благодарност пред Господ. И се прове­селија таму многу, Саул и сите Израел­ци.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in