YouVersion Logo
Search Icon

1 Самоилова 1

1
Ана во светилиштето во Силом
1Имаше еден човек од Рамата­им-Цофим, од Ефремовата Гора, името му беше Елкана, син на Јерохам, син на Елијуј, син на Тоху, син на Цуф, ефратец. 2#1 Мојс 30,1-24; Суд 13,2; Лк 1,7Тој имаше две жени: едната се ви­каше Ана, а другата Пенина. Пенина имаше деца, Ана, пак, немаше деца. 3#2 Мојс 23,14-17; 34,23-24И секоја година на определени де­нови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес, свештеници на Господ. 4#5 Мојс 12,17-18А во денот, кога Елкана принесуваше жртва, ѝ даваше на жената своја Пенина и на сите нејзини синови и ќерки, делови од жртвата, 5#1 Мојс 16,1-3; 29,18.20.30а на Ана, пак, ѝ даваше двоен дел, зашто таа немаше деца, а и ја сакаше Ана повеќе од Пенина, иако Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина. 6#1 Мојс 16,4-5Соперничката нејзина многу жесто­ко ја раздразнуваше за да ја натажи, поради тоа што Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина. 7Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја раздразнуваше, а оваа плачеше и не јадеше. 8#Рута 4,15И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Ано!“ Таа му одговори: „Еве, ме гос­подаре.“ И ѝ рече: „Зошто плачеш и зошто не јадеш, и поради што е нажа­лено срцето твое? Не сум ли јас за тебе повреден отколку десет синови?“ 9Откако јадеа и пиеја во Силом, Ана стана и застана пред Господ. А свеш­теникот Илиј седеше на стол пред влезот во храмот Господов. 10Таа тажеше во душата своја и Му се молеше на Господ и горко плачеше, 11#4 Мојс 6,1-21; Суд 13,5; 16,17и даде заклетва, велејќи: „Господи, семоќни Боже Саваоте! Ако погледнеш милостиво кон понизноста на слугинката Твоја и се сетиш за мене, и не ја за­боравиш слугинката Своја и ѝ дадеш на слугинката Своја машко дете, јас ќе Му го посветам на Господ до денот на неговата смрт; и вино и жесток пијалок нема да пие и брич нема да ја допре неговата глава.“ 12Додека таа се молеше долго пред Господ, Илиј ја гледаше во устата; 13и бидејќи Ана говореше во срцето свое, устата нејзина само се мрдаше, гласот нејзин не се слушаше, Илиј помисли дека е пијана. 14И ѝ рече: „До кога ќе бидеш пијана? Истрезни се од виното свое и истави се од лицето Господово.“ 15Ана одговори и рече: „Не, господаре мој; јас сум жена, со длабока тага во душата; вино и жесток пијалок не сум пила, а ја изливам душата своја пред Господ. 16Не ја сметај слугинката своја за лоша жена, зашто поради големата жалост и поради тагата своја јас го­ворев досега.“ 17Илиј одговори и рече: „Оди си со мир, и Бог Израелов нека ја исполни молбата твоја, за што Го молеше.“ 18А таа одговори: „Можеби слугинката твоја ќе најде милост во твоите очи.“ И таа тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веќе не беше тажно, како пред тоа.
Раѓањето и детството на Самоил
19 # 1 Мојс 30,22 И утредента тие станаа рано, се поклонија пред Господ и се вратија, па отидоа во домот свој во Рама. И Елкана беше близок со Ана, жената своја, а Господ си спомна за неа. 20По извесно време Ана зачна, роди син и му даде име Самоил, бидејќи велеше таа: „Од Господ го побарав.“ 21И отиде мажот нејзин Елкана и целата челад негова во Силом за да Му ја принесе годишната жртва на Господ и заветите свои. 22Но Ана не отиде со него, велејќи му на мажот свој: „Кога ќе го одбијам детето и кога ќе порасне, тогаш ќе го одведам, и тој ќе се јави пред Господ и ќе остане таму засекогаш.“ 23И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Прави што мислиш дека е добро. Остани додека го одбиеш. Само Господ нека го претвори во вистина зборот што излегол од твојата уста.“ И остана дома жена му и го доеше синот додека не го одби од градите. 24А кога го одби, отиде со него во Силом, земајќи со себе тригодишен јунец и една ефа брашно и мев со вино, па дојде во домот Господов во Силом, и детето со нив. А детето уште беше малечко. 25И го заклаа јунецот, а детето го доведоа кај Илиј; 26и рече: „О, господаре мој, се колнам во твојата душа, господаре мој! Јас сум онаа жена, која стоеше тука пред тебе и Му се молеше на Господ; 27за ова дете се молев, и Господ ја слушна молбата моја, за што Му се молев; 28и јас го предавам сега на Господ за сите денови на животот негов – нека Му служи на Господ.“ И таа Му се поклони таму на Господ.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for 1 Самоилова 1