YouVersion Logo
Search Icon

1 Петар 5

5
Грижа за Божјото стадо
1 # Дела 11,30; Кол 3,4 Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој и самиот сум свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие: 2#1 Тим 3,8; Тит 1,7пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце. 3#Јн 13,15-17; 2 Кор 1,24И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото. 4#1,4; 1 Кор 9,25; Јк 1,12; Откр 2,10А кога ќе се јави Пастиро­на­чал­ни­кот, ќе добиете венец на слава што ни­когаш не свенува.
Понизност и цврстина во верата
5 # Јов 22,29; Изреки 3,34; Јн 13,14; Јк 4,6; 1 Јн 2,12-14 Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ 6#Фил 2,8-9; Јк 4,6-10Понизете се под крепката рака Бож­ја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето. 7#Пс 55,22; Мт 6,25Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас. 8#Ез 22,25; Пс 22,14; Јов 1,7; Мт 5,25; 1 Сол 5,6; 2 Тим 4,17Бидете трезвени, бидете будни, заш­то вашиот противник, ѓаволот, оби­ко­лува како лав што рика и бара некого да проголта; 9#Ефес 6,11-16; 1 Сол 2,14; Јк 4,7спротивете му се со тврда вера, зна­ејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот. 10#Рим 8,17.18; 2 Кор 4,17; 1 Сол 2,12А Бог на секоја благодат, Кој ве по­вика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко стра­дање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи. 11#4,11; Откр 1,8; 11,17Нему слава и власт во веки веков. Амин!
Завршни поздрави
12 # Дела 15,22 По Силван, нашиот верен брат, ка­ко што мислам, ви го напишав ова крат­ко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа! 13#Дела 12,12; Откр 17,5Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој. 14#2 Кор 13,12Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!

Currently Selected:

1 Петар 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in