YouVersion Logo
Search Icon

1 Коринтјаните 8

8
За месото принесено како жртва на идолите
1 # 10,23; 13,4; Дела 15,29 Што се однесува, пак, до месото клано за идоли, мислам дека сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува. 2#Гал 6,2Ако некој мисли дека нешто знае, тој уште не осознал како треба да знае. 3#13,12; Гал 4,9Ако, пак, некој Го љуби Бога, Бог него го познава. 4#5 Мојс 6,4А по однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека друг Бог нема, освен Единиот. 5#Пс 136,2-3Зашто, макар и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу „богови“ и многу „господари“, 6#12,5-6; Мал 2,10; Јн 1,3; Рим 11,36; Ефес 4,5-6; 1 Тим 2,5сепак, ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ и ние сме преку Него. 7#Рим 14,1-23Но тоа знаење го нема секој: некои според досегашната навика за идолите, го јадат месото на жртвите идолски, а совеста нивна им се осквернува бидејќи е нејака. 8#Рим 14,17; Евр 13,9Храната не нѐ приближува кон Бога. Ниту добиваме нешто ако јадеме, ниту нешто губиме ако не јадеме. 9#Рим 14,13.20Но пазете, пак, таа ваша слобода да не стане на некој начин спрепка за сла­бите. 10Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли него­ва­та совест, бидејќи е нејак, да биде поттикната да јаде идолски жртви? 11#Рим 14,15И покрај твоето знаење ќе пропадне нејакиот, братот за кого умрел Христос. 12И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната нејака совест, вие грешите против Христос. 13Затоа, штом храната го соблазнува мо­јот брат, тогаш нема никогаш да ја­дам месо, за да не го соблазнувам својот брат.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in