YouVersion Logo
Search Icon

1 Коринтјаните 4

4
Павле и Коринтјаните
1 # Ефес 3,2; 1 Тим 3,9; Тит 1,7; 1 Птр 4,10 И така, секој човек нека нѐ смета нас за служители Христови и управници на Божјите таинства, 2а од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен. 3За мене ништо не значи да бидам суден од вас, или од судот на другите луѓе; јас и самиот не се судам себе, 4зашто во ништо не се чувствувам ви­новен; но со тоа не сум оправдан: судија ми е Господ. 5#Мт 7,1; Рим 2,16.29Затоа, пак, не судете ништо предвре­ме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш секој ќе прими пофалба од Бога. 6Ова браќа го применив на себе и на Аполос заради вас, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого. 7Зашто, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си примил? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил? 8#Откр 3,17Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас! 9#15,31; Рим 8,36; 2 Кор 4,11; Евр 10,33Мислам дека нас апостолите Бог нѐ прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот – на ангелите и на луѓето. 10Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос; ние сме не­моќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни. 11#2 Кор 4,8-12; 6,4-10; 11,23-27До овој час ние и гладуваме, и жед­нееме, и необлечени одиме, нѐ бијат и скитаме по светов, 12се трудиме, работејќи со свои раце. Кога нѐ проколнуваат, ние благословуваме, а кога нѐ гонат – трпиме; 13кога хулат на нас, ние утешуваме. Станавме како ѓубриште на овој свет, како исфрлен смет од сите луѓе до сега.
Павловата татковска грижа
14 # 2 Кор 6,13; 1 Сол 2,7 Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве вразумам како мои возљубени чеда.
15 # 1 Сол 2,11; Фил 1,10 Зашто, ако имате и десетина илјади учители во Христос Исус, сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Исус Христос преку Евангелието. 16#11,1Затоа, ве молам, бидете мои подра­жаватели, како што сум јас на Христос! 17Браќа, затоа го пратив кај вас Ти­мотеј, кој ми е возљубено и верно чедо во Господ; тој ќе ви ги напомни патиш­тата мои во Христос, како што учам на­секаде и во секоја црква. 18Некои се возгордееја, како да не ќе дојдам кај вас; 19но наскоро ќе дојдам кај вас, ако са­ка Господ, и ќе ги познаам не збо­ро­ви­те, туку силата на оние што се возгор­деале, 20#2,4; Мт 12,28; Мк 9,1; Рим 14,17; 15,13зашто царството Божјо не е во збо­рови, туку во сила. 21#2 Кор 10,2; Гал 6,1Што сакате? Со стап ли да дојдам кај вас, или со љубов и кроток дух?

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in