YouVersion Logo
Search Icon

1 Коринтјаните 2

2
Порака за распнатиот Христос
1И јас, браќа, кога дојдов кај вас, не дојдов да ви го соопштам Божјото сведоштво со возвишена беседа или мудрост, 2#Гал 6,14бидејќи бев решил да не знам меѓу вас ништо друго освен за Исус Христос, и тоа – Распнатиот. 3#2 Кор 10,10; 11,30И јас пристапив меѓу вас со немоќ, и страв, и со голема растрепереност. 4#4,20; Мт 10,20; Лк 9,1-2; 10,19; Рим 15,19; 2 Кор 6,7; 1 Сол 1,5И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата, 5#Ефес 1,19; 1 Птр 1,5та верата ваша да не почива на чо­вечката мудрост, туку на силата Божја.
Божјата мудрост
6 # 15,24.25; Ефес 6,12; Јк 3,13-18 Ние сепак ја проповедаме мудроста меѓу совршените, но не мудроста од овој свет, ниту, пак, онаа на владете­ли­те на овој свет, кои се минливи, 7#Ефес 1,9; 3,4.5.9; Кол 1,26-27туку ја проповедаме Божјата муд­рост, сокриена во таинство, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава, 8#Јн 1,10; Дела 13,27која никој од владетелите на овој свет не ја спознал; зашто, ако ја беа спознале, тогаш немаше да Го распнат Господ на славата. 9#Ис 52,15; 64,3Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на чо­век на ум му дошло, тоа Бог го пригот­вил за оние кои Го љубат.“ 10#Јов 11,7-8; Изреки 20,27; Дан 2,22А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во сѐ, па дури и во длабочините Божји. 11Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. 12#Јн 16,13; Ефес 1,17Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот Кој доаѓа од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога; 13#Јн 14,26па тоа и го проповедаме не со збо­рови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно со духовни поими. 14#15,44-46; Јк 3,15; Јуда 1,19Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита. 15#14,24; 1 Јн 2,20Духовниот, пак, човек испитува сѐ, а него никој не може да го испитува. 16#Ис 40,13; Ер 23,18; Рим 11,34Зашто, кој го спознал умот Гос­по­дов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in