1 Летописи Вовед
Вовед
Првата и Втората книга Летописи кај Евреите се сметале за една книга, која била поделена на два дела, од проста причина што текстот не можел да се собере на еден свиток. Овие две книги ја опишуваат историјата на Израел од времето на Адам, па сѐ до присилното иселување во Вавилон.
Главна личност во оваа книга е царот Давид. Тој го претворил Ерусалим во центар, каде се славел Господ Бог. Нему му се припишува и заслугата за изградбата на храмот во Ерусалим, иако всушност бил изграден од неговиот син Соломон. Царот Давид, исто така, многу успешно го организирал и политичкиот и верскиот живот во Израел.
Голем дел од Првата книга Летописи содржи имиња и родословија од Адам, па сѐ до царот Саул – претходникот на Давид (1–9). По смртта на Саул (10), преостанатиот дел од оваа книга (11–29) главно е посветен на животот и владеењето на царот Давид. Опишани се детали од неговата младост, судирот со царот Саул, седумипол годишното владеење на Давид во градот Хеврон, преместувањето на престолнината во Ерусалим, епизодата со Витсавеја, бунтот на неговиот син Авесалом итн. Во завршниот дел на оваа книга (21–29 глава) опишани се подготовките на Давид за изградбата на храм во Ерусалим и упатствата што тој му ги дал на својот син и престолонаследник Соломон.
Во оваа книга Давид е посочен како пример на верност и послушност кон Господ. На крајот од своето владеење, Давид Му оддава јавна благодарност на Господ и Го прославува пред целиот народ (29,10-12).
Currently Selected:
1 Летописи Вовед: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006