1 Летописи 22
22
Давидовата подготовка за градење храм на Господ Бог
1 #
1 Мојс 28,17
И рече Давид: „Еве го домот на Господ Бог, еве го и жртвеникот за сепаленици на Израел.“ 2#1 Цар 5,15-32#5 Мојс 20,11; 1 Цар 5,17-18; Ис 56,6; Езд 3,7; 2 Лет 8,10Па заповеда Давид да ги соберат придојдените, што беа во земјата израелска и одреди каменоделци да делкаат камења за изградба на дом Божји. 3#1 Цар 7,47Давид подготви уште многу железо за шајки по крилата на вратите и за куки, и многу бакар – без мерка, 4и кедрово дрво без број, зашто Сидонците и Тирците му доставија на Давид многу кедрово дрво. 5#1 Цар 3,7; 2 Лет 2,5И рече Давид: „Синот мој Соломон е млад и слаб, а домот, што ќе се гради за Господ, треба да биде многу величествен, за слава и за приказ по сите земји; затоа јас ќе му приготвам сѐ што треба за него.“ И приготви Давид до смртта своја многу. 6#Дела 7,47И го повика синот свој Соломон и му заповеда да Му изгради дом на Господ, Бог Израелов. 7#2 Сам 7,1-17#5 Мојс 12,5.11; 1 Цар 8,17И му рече Давид на Соломон: „Сине, имав на срце да изградам дом на името на мојот Господ, Бог, 8но дојде кон мене словото Господово и ми се рече: ‚Ти си пролеал многу крв и си водел големи војни; ти не бива да градиш дом на името Мое, зашто си пролеал многу крв на земјата пред лицето Мое. 9#Ис.Н. 14,15; 2 Сам 12,24; 1 Цар 5,4Еве, ќе ти се роди син: тој ќе биде мирен човек; ќе му дадам спокојство од сите околни непријатели, затоа името негово ќе биде Соломон. Во неговите дни ќе му дадам на Израел мир и спокојство. 10#2 Сам 7,13.14; 1 Цар 9,5Тој ќе изгради дом на името Мое и ќе Ми биде син, а Јас нему – Татко, и така ќе го зацврсти престолот на царството негово над Израел довека.‘ 11#1 Сам 16,16А сега, сине, Господ нека биде со тебе, та да имаш благослов и да Му изградиш дом на Господ, твојот Бог, според тоа како што Тој рече за тебе. 12#1 Цар 3,11Да ти даде Господ мудрост и разум и да те постави над Израел; и запази го законот на Господ, твојот Бог! 13#5 Мојс 31,6.23; Ис.Н. 1,6-9; 1 Цар 2,3Така ќе имаш успех, кога ќе земеш да ги извршуваш наредбите и законите, што Господ му ги заповеда на Мојсеј за Израел. Биди цврст и храбар, не плаши се и не паѓај со духот! 14И еве, јас со мака приготвив за домот Господов сто илјади кикари злато, илјада кикари сребро, а бакарот и железото мерка немаат, зашто се во големи количини; дрва и камења исто така подготвив, а ти придодај уште кон тоа. 15#1 Цар 5,27-29; Езд 3,7Имаш многу работници, и каменоделци, и резбари, и дрводелци, и вешти луѓе за секаква работа. 16Злато, сребро, бакар и железо – без број; продолжи и работи; Господ ќе биде со тебе.“ 17И им заповеда Давид на сите началници израелски да му помагаат на синот негов Соломон: 18#2 Сам 7,1„Зар не е со вас Господ, Бог наш, Кој ви даде спокојство од секаде? Зашто Тој ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата се покори пред Господ и пред Неговиот народ. 19#2 Лет 7,14И така, расположете го срцето свое и душата своја, за да Го побарате Господ, вашиот Бог. Станете и изградете Му светилиште на Господ Бог, за да го пренесете ковчегот на заветот Господов и свештените садови Божји во домот, што ќе се гради на името Господово!“
Currently Selected:
1 Летописи 22: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006