YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 18

18
Падот на Вавилон
1 # Ез 43,2 А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше го­лема власт: и земјата светна од не­го­ви­от болскот. 2#14,8; Ис 13,21; 21,9; Ер 50,39; Варух 4,35И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врта­лиште на сите нечисти и гадни птици; 3#14,8; 17,2зашто со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи. И царевите земни блудствуваа со неа, а тр­гов­ците земни се збогатија од нејзината голема раскош!“ 4#Ис 48,20; 52,11; Ер 50,8; 51,6.9.45; 2 Кор 6,17И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини; 5#1 Мојс 18,20-21; Ер 51,9бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини. 6#Пс 136,8; 2 Сол 1,6Платете ѝ како што и таа ви плати вам и дајте ѝ двојно онолку за делата нејзини; со чашата, со која ве служеше, послужете ја двојно. 7#Ис 47,7-9Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете ѝ. Зашто во срцето свое вели: ‚Седам како царица, вдовица не сум и мака нема да видам.‘ 8#17,16; Ер 50,34Затоа во еден ден ќе ја сполетаат казните; смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Кој ја суди. 9#Ез 27,30-35И ќе заплачат и ќе заридаат по неа царевите земни, кои блудствуваа со неа и живееја раскошно, кога ќе го видат димот од горењето нејзино; 10и стоејќи оддалеку, од страв пред нејзините маки ќе велат: ‚Тешко, тешко, голем граде Вавилоне, граде силни, зашто во еден час дојде пресудата твоја!‘ 11#Ез 27,36И трговците земни ќе плачат и ри­даат за неа, бидејќи стоките нивни нема веќе никој да ги купува; 12стоки од злато и сребро, од дра­го­цени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет, секакво миризливо дрво и секакви работи од слонова коска: секакви изработки од скапоцено дрво, од бакар, железо и мермер; 13и цимет и темјан, миро и ливан, ви­но и масло, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, тела и души чо­веч­ки. 14И овошјата, за кои душата ти копнееше, повеќе ги немаш, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш. 15#Ез 27,36Трговците, кои со тие стоки се збо­га­тија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред маките нејзини, и плачејќи, и ридајќи 16#17,4ќе зборуваат: ‚Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери, 17#Ис 23,14; Ез 27,27-29зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И сите сопственици на кораби, и сите патници во корабите, и морнарите, и оние што тргуваат по море, застанаа оддалеку 18#13,4; Ез 27,32и викаа, па гледајќи го димот од горењето негово, велеа: ‚Кој беше како овој голем град?‘ 19#Ез 27,30-34И ги посипаа главите свои со пепел и со плачење викаа и велеа: ‚Тешко, тешко тебе, граде голем со чии скапо­це­ности се обогатија сите што имаа ко­раби по море; зашто за еден миг за­пусте!‘ 20#12,12; 5 Мојс 32,43; Ис 44,23; Ер 51,48Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права! 21#Ер 51,63-64; Ез 26,21Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички ка­мен, па го фрли во морето и рече: ‚Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе!‘ 22#Ис 24,8; Ез 26,13И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе. 23#Ис 23,8; Ер 7,34; 25,10И светлина од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на младо­же­нец и невеста нема веќе да се чуе во те­бе, бидејќи трговците твои беа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите ма­гии се заблудија сите народи. 24#Ер 51,49; Мт 23,35-37И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата.“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy