YouVersion Logo
Search Icon

Броеви 32

32
Три колена се населуваат источно од Јордан
1 # 21,24-32 # 1 Мојс 31,21; 2 Мојс 12,38; Суд 5,16 Рувимовите потомци и потомците на Гад имаа многу добиток; и тие видоа дека земјата Јазер и земјата Галаад се погодни места за стада. 2И Гадовите потомци и Рувимовите потомци дојдоа и им кажаа на Мојсеј и на свештеникот Елеазар, и на кнезовите народни, велејќи: 3„Атарот, Дивон, Јазер, Нимра, Есе­вон, Елале, Севам, Нево и Беон – 4#2 Мојс 12,38земјата, која Господ им ја предаде на синовите израилски, е земја за одгледување стада, а твоите слуги имаат стада.“ 5И рекоа: „Ако сме нашле милост во очите твои, дај им ја таа земја на твоите слуги во владение; не нѐ преведувај преку Јордан.“ 6И им рече Мојсеј на потомците на Гад и на Рувимовите потомци: „Браќата ваши ќе отидат во војна, а вие тука ли ќе останете? 7#13,32-33; Ис.Н. 14,6-14Зошто го одвраќате срцето на синовите израилски да одат во земјата што Господ им ја дава? 8Не направија ли така татковците ваши, кога ги испраќав од Ка­дис-Барнеа да ја видат земјата? 9#13,17-33Тие отидоа до долината Ешкол и ја видоа земјата, и го одвратија срцето на синовите израилски, за да не отидат во земјата, која Господ им ја дава; 10и во оној ден се разгори гневот на Господ и Тој се заколна, велејќи: 11#14,26-35; 2 Мојс 30,14‚И тие луѓе, што излегоа од Египет, од дваесет години и нагоре (кои знаат што е добро и што е зло), нема да ја видат земјата, за која им се бев заколнал на Авраам, Исак и Јаков, зашто тие не Ме послушаа,‘ 12освен Халев, синот на Јефуне, и Исус, синот Навинов, зашто тие Му се покоруваа на Господ. 13#2 Мојс 4,14И се разгоре гневот на Господ против Израил, и Тој ги водеше по пустината четириесет години; додека не изгина целиот род, кој беше направил зло пред Господ. 14#5 Мојс 1,34; Пс 77,59И ете, наместо татковците ваши, востанавте вие, изроди од грешници, за да го зголемите уште повеќе гневот на јароста Господова против Израил. 15#5 Мојс 30,17-18; 2 Лет 7,20Ако се одвратите од Него, Тој пак ќе го остави Израил во пустината, и вие ќе го погубите сиот овој народ.“ 16#Пс 49,9; 77,70И тие се приближија до него и ре­коа: „Ќе направиме тука кошари за на­шите стада и градови за нашите деца; 17#Ис.Н. 4,12-13а самите ние први ќе се вооружиме и ќе одиме пред синовите израилски, додека не ги одведеме до местата нив­ни; нашите деца, пак, нека останат во утврдени градови, за да бидат во безо­пасност од месните жители; 18#Ис.Н. 22,1-4нема да се вратиме во домовите на­ши сѐ додека не стапат синовите изра­илски – секој на својот дел; 19#Ис.Н. 12,1; 22,7зашто нема да земеме заедно со нив дел од онаа страна на Јордан и понатаму, ако ни се даде дел од оваа страна на Јордан, кон исток.“ 20Тогаш Мојсеј им рече: „Ако го направите тоа, ако отидете вооружени во војна пред Господ, 21и секој од вас вооружен го мине Јордан пред Господ, додека не ги истреби Тој пред Себе Своите непријатели, 22#3 Мојс 14,34; Ис.Н. 22,4и кога земјата ќе биде покорена пред Господ, тогаш ќе се вратите и нема да бидете виновни пред Господ и пред Израил, и ќе ја владеете оваа земја пред Господ. 23#1 Мојс 4,7; 5 Мојс 28,45; Ис 3,9Но ако не постапите така, ќе згре­шите пред Господ и за гревот свој ќе претрпите казна, што ќе ве стигне. 24Изградете градови за децата ваши и трла за добитокот ваш, и извршете го она, што го кажавте со устата своја!“ 25#Ис.Н. 1,16; 22,2Тогаш потомците на Гад и на Рувим му рекоа на Мојсеј: „Слугите твои ќе направат така, како што заповеда гос­подарот наш; 26#Ис.Н. 1,14; 2 Цар 2,9; 1 Лет 5,9децата, пак, наши, жените наши, стадата наши и сиот наш добиток нека останат тука во градовите на Галаад, 27а слугите твои, сите вооружени и подготвени како војници, пред Господ ќе појдат во војна, како што вели нашиот господар.“ 28#Ис.Н. 1,13И Мојсеј им заповеда на свештени­кот Елеазар и на Исус, Навиновиот син, и на началниците над колената од сино­вите израилски, 29и им рече: „Ако потомците на Гад и на Рувим го преминат заедно со вас Јор­дан, сите вооружени и подготвени за во­јување пред Господ, и ја покорите земјата пред вас, дајте им ја да ја владеат земјата Галаад. 30Ако пак не тргнат заедно со вас вооружени (за војна пред Господ, тогаш испратете ги пред вас имотите нивни, нивните жени и нивниот добиток во ха­нанската земја и), нека и тие добијат дел, заедно со вас, во земјата хананска.“ 31Тогаш потомците на Гад и на Рувим одговорија и рекоа: „Како што ни запо­веда Господ на слугите твои, така и ќе направиме; 32#Ис.Н. 12,6ние ќе тргнеме вооружени пред Господ за хананската земја, а дајте ни ја во владение наше оваа страна на Јор­дан.“ 33#Ис.Н. 1,12; 12,5.6; 13,24-28; 1 Цар 13,7И им го даде Мојсеј – на потомците на Гад и на Рувим и на половината од коленото на Манасија, синот на Јосиф, – царството на Сион, аморејски цар, и царството на Ог, башански цар, земјата со градовите нејзини и околиите нивни, – градовите со земјата околу нив. 34И тогаш потомците на Гад го из­градија Дивон, Атарот, Ароер, 35Атрот-Шофан, Јазер, Јогбеха, 36Бет-Нимра и Бет-Харан, градови утврдени, и огради за овци. 37А потомците на Рувим ги изградија Есевон, Елале, Кирјатаим, 38Нево, Ваал-Меон, чии имиња беа изменети, и Сивма; и им дадоа имиња на градовите, што ги изградија. 39#26,29; 1 Мојс 50,23; 5 Мојс 2,36; Ис.Н. 13,31И отидоа потомците на Махир, Ма­насиев син, во Галаад, и го презедоа и ги протераа Аморејците, што живееја таму. 40#1 Мојс 50,23И им го даде Мојсеј Галаад на потомците на Махир, син Манасиев, и тие се населија таму. 41#5 Мојс 3,14; Суд 10,4Јаир, пак, потомок Манасиев, отиде и ги презеде селата нивни и ги нарече Јаирови села. 42#Суд 18,29А Новах отиде и го зазеде Кенат и околните места, и го нарече според името свое: Новах.

Currently Selected:

Броеви 32: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for Броеви 32