YouVersion Logo
Search Icon

Марко Вовед

Вовед
Евангелието според Марко, започнува со најавата за радосната вест за Исус Христос, Божјиот Син. Исус е прикажан како моќна и силна личност, отсликана во Неговите поуки, исцелувања, истерување на демони и простување на гревови. Исус ни се претставува како оној, Кој дојде да се жртвува за да ги ослободи луѓето од гревот.
Ова е најкусо од четирите евангелија и претежно ги пренесува Исусовите дела, а не Неговото учење. По еден кус вовед за мисијата на Јован Крстител, крштевањето и искушувањето на Исус, Марко веднаш преминува на исцелувањата што Исус ги вршел. Со текот на времето Исусовите следбеници сѐ повеќе Го запознавале и разбирале, додека Неговите непријатели станувале сѐ понасилни. Завршните глави ги опишуваат случките од последната седмица од Неговиот живот на земјата, вклучувајќи ги и распнувањето и воскресението.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in