YouVersion Logo
Search Icon

Марко 15

15
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2.11-26; Лк 23,1-5.13-25; Јн 18,28–19,16)
1 # 11,27; Лк 22,66 И веднаш утредента одржаа состаник прво­свештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, па Го врзаа Исус, Го од­ведоа и Го предадоа на Пилат. 2#Мт 2,2; 21,5А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти велиш.“ 3И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговараше ништо. 4А Пилат пак Го праша, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Гледаш кол­ку Те обвинуваат!“ 5#14,60-61; Ис 53,7; Лк 23,9; Јн 19,9; Дела 8,32Но Исус ништо повеќе не одговори, така што Пилат се воодушевуваше. 6А на секој Празник им ослободуваше по еден осуденик, кого што ќе го по­ба­раа. 7#Лк 23,19.25И имаше некој, по име Варава, во окови заедно со придруж­ни­ците, што во една буна извршиле уби­ство. 8И кога извика народот, почна да го моли Пилат да им го направи она, што секогаш го правеше. 9А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ 10Зашто знаеше дека прво­свеш­те­ни­ците Го беа предале од завист. 11#Дела 3,14Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Ва­ра­ва. 12Пилат пак им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го нарекувате Цар Јудејски?“ 13#Дела 3,13; 13,28Тие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!“ 14#Лк 23,41Пилат им рече: „Какво зло напра­вил?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“ 15#Дела 5,40Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Ису­са Го камшикуваше и Го предаде да Го распнат.
Исусовите понижувања
(Мт 27,27-31; Јн 19,2-3)
16Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и по­викаа цела чета, 17#10,34; Пс 21,7; 43,14па Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата; 18#Мт 2,2и почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ 19#Мих 5,1И Го удираа по главата со трска и плукаа на Него, Му се поклонуваа, па­ѓајќи на колена. 20А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.
Исусовото распнување
(Мт 27,32-44; Лк 23,26-43; Јн 19,17-27)
21 # Рим 16,13 И го натераа еден минувач, некој си Симон Ки­ри­неец, таткото на Алексан­дар и на Руф, кој се враќаше од поле, да Му го носи крстот. 22#Јн 19,17; Евр 13,12Па Го доведоа на местото Голгота, што значи: место на черепи. 23#Пс 68,21; Изреки 31,6И Му дадоа да пие вино со смирна, но Тој не зеде. 24#Пс 21,19; Јн 19,24И откако Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка за нив, кој што да земе. 25#Мт 27,45Беше третиот#15,25 Околу 9 часот. час, и Го распнаа. 26И имаше натпис за вината Негова: „Цар Јудејски.“ 27#10,37; 14,48А со Него распнаа и два разбојника, едниот од десната, а дру­ги­от од левата Негова страна. 28#Ис 53,12; Лк 22,37И се исполни Писмото, кое вели: „И меѓу беззаконици Го ставија.“ 29#14,58; Пс 21,7; 108,25; Јов 16,4; Плач 2,15; Мт 26,61; Јн 2,19; Дела 6,14А минувачите, вртејќи глава, Го ху­леа и велеа: „Аха! Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, 30спаси се Себеси и слези од крстот!“ 31Исто така и првосвештениците со книжниците Му се смееја и велеа: „Другите ги спасуваше, а Себе не може да се спаси! 32#Лк 23,39-43; Јн 6,30Христос, Царот израилев, нека слезе сега од крстот, па да видиме и да поверуваме!“ Го хулеа и распнатите со Него.
Исусовата смрт
(Мт 27,45-46; Лк 23,44-49; Јн 19,28-30)
33 # 2 Мојс 10,22; Ис 13,10; Амос 8,9 А во шестиот час#15,33 Околу 12 часот. настана темнина по целата земја, до деветтиот час. 34#Пс 21,2; Мт 27,46И во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Елои, Елои, Лама са­вах­та­ни?“ А тоа значи: „Боже Мој, Бо­же Мој, зошто Ме остави?“ 35#9,11-13; Мт 11,14Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“ 36#15,23; Пс 68,21; Мт 27,34; Лк 23,36А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му да­ваше да пие, велејќи: „Почекајте да ви­диме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“ 37А Исус испушти силен глас и из­див­на. 38#2 Мојс 26,31-37; Евр 6,19; 9,3.6-12; 10,19-20И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу. 39#Мт 4,3; 14,33; Јн 1,49; Дела 9,20А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“ 40#15,47; 16,1; Лк 8,2; 24,10Имаше и жени што гледаа одда­ле­ку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на Јаков Малиот и на Јосија, и Саломија, 41кои и тогаш, кога Тој беше во Га­ли­леја, врвеа по Него и Му служеа, и мно­гу други што беа дошле со Него во Еру­салим.
Исусовото погребување
(Мт 27,57-61; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)
42 # Мт 27,62 А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота, 43#Лк 2,25.38дојде Јосиф од Ариматеја, угледен советник, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово. 44Пилат се зачуди дека Тој веќе ум­рел; и откако го повика стотникот, го пра­ша дали одамна умрел. 45Па штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф. 46#Дела 13,29А Јосиф купи плаштаница, Го сим­на и Го обви во плаштаницата и Го по­ложи во гроб, што беше издлабен во карпа и на­вали камен на гробната вра­та. 47#15,40; 16,1А Марија Магдалена и Марија Јо­сиева гледаа каде Го полагаат.

Currently Selected:

Марко 15: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy