YouVersion Logo
Search Icon

Битие 12

12
АВРАМ
Бог го повикува Аврам да ја напушти својата земја
1 # Ис 41,8-9; Мудр 10,5; Сир 44,19-21; Дела 7,2-4; Евр 11,8-10 И му рече Господ на Аврам: „Излези од својата земја, и од родот свој, и од домот на татко си, (па појди) во земјата што ќе ти ја покажам Јас! 2#13,16; 15,5; 17,4; 22,17; 26,4; 35,11; Ис 51,2; Гал 3,16А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен. 3#18,18; 22,18; 26,4; 27,29; 28,14; 4 Мојс 24,9; Ер 4,2; Сир 44,21; Гал 3,8-9Ќе ги благословам оние, што тебе ќе те благословуваат, и ќе ги проколнам оние, што тебе ќе те проколнуваат и преку тебе ќе бидат благословени сите народи на земјата.“ 4Тогаш тргна Аврам, како што му кажа Господ, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. 5#11,31И ги зеде Аврам Сараја, жената своја, и Лот, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и слугите што ги беа придобиле во Харан, па излегоа за да отидат во земјата ханан­ска.
Аврам во земјата Ханан, а потоа во Египет
6 # 33,18-20 И Аврам ја помина таа земја по неј­зи­ната должина до местото Сихем, кај светото дрво во Море; а тогаш во таа земја живееја Хананци. 7#13,15; 15,18; 17,8; 26,3-4; 5 Мојс 1,7-8; 34,4; Дела 7,5И му се јави Господ на Аврам и му рече: „Оваа земја ќе му ја дадам на твоето потомство.“ И му подигна таму (Аврам) жртвеник на Господ, Кој му се јави. 8#28,19Потоа оттаму тој замина кон планината, на исток од Ветил, и таму го рас­пна шаторот свој; и Ветил му беше од запад, а Гај од исток; и таму Му подиг­на на Господ жртвеник, и го призва името на Господ, (Кој му се беше јавил). 9А оттаму се крена Аврам и се упати кон југ. 10#26,1-11; 42,1-2Но имаше глад во таа земја и Ав­рам слезе во Египет да поживее таму; зашто гладот продолжи во оваа земја. 11И кога се доближуваше до Египет, ѝ рече на жената своја Сараја: „Еве, јас знам дека си убава жена; 12затоа, кога ќе те видат Египќаните, ќе речат – оваа му е жена – па ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива. 13Туку, кажи дека си ми сестра, за да ми биде добро покрај тебе и да ме остават жив поради тебе.“ 14И кога дојде Аврам во Египет, Египќаните видоа дека таа е многу уба­ва жена. 15Ја видоа и дворјаните фараонови, па ја пофалија пред фараонот. И жената беше одведена во домот фараонов. 16И поради неа Аврам живееше доб­ро; имаше ситен и крупен добиток, ма­га­риња, слуги, слугинки, маски и ками­ли. 17Но Бог пушти големо зло на фара­о­нот и на неговиот дом поради Сараја, жената Аврамова. 18Тогаш фараонот го повика Аврам и му рече: „Зошто ми го направи тоа? Зошто не ми кажа дека ти е жена? 19Зошто рече ‚сестра ми е‘, па јас са­кав да ја земам за жена?! Сега, пак, ете ти ја жената, земи си ја и оди си!“ 20И фараонот определи луѓе, кои го испратија Аврам и жената негова, со сѐ што имаше.

Currently Selected:

Битие 12: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in