Второзаконие 4
4
Практична примена на Божјите закони
1 #
6,4; 3 Мојс 18,5 И така, Израиле, послушај ги наредбите и законите, на кои јас ве учам (денес) да ги исполнувате, за да бидете живи (и да се множите) и да отидете и да ја наследите онаа земја, која Господ, Бог на вашите предци, ви ја дава (во наследство); 2#5,22; 13,1; Проп 3,14; Откр 22,18-19не додавајте ни збор повеќе на она што ви го заповедам, ниту да одземате од него; исполнувајте ги заповедите на Господ, вашиот Бог, кои јас ви ги предавам (денес); 3#4 Мојс 25,1-9очите ваши видоа (сѐ), што Господ, Бог наш, направи со Ваал-Фегор; зашто Господ, Бог наш, го истреби од средината твоја секој, што го следеше Ваал-Фегор; 4а вие, кои сте Му приврзани на Господ, вашиот Бог, сите сте живи до ден – денес. 5Ете, ви ги изнесов наредбите и законите, што ми ги предаде Господ, Бог мој, за да постапувате така во земјата, во која влегувате, за да ја завладеете. 6#Јов 28,28И така, пазете ги и исполнувајте ги, зашто во тоа е вашата мудрост и вашиот разум пред очите на сите народи, кои, откако ќе чујат за сите тие наредби, ќе речат: овој голем народ е мудар и разумен народ. 7#Рим 3,1-2#4,32-34Зашто има ли некој голем народ, кому неговиот бог му се приближил толку, како што е близок кон нас Господ, нашиот Бог, кога и да Го повикаме? 8И има ли некој голем народ со такви праведни наредби и закони, како целиот овој закон, што ви го предавам денес?
Откровението на планината Хорев
9 #
29,3
Само пази се и грижливо чувај ја душата своја, за да не ги заборавиш делата, што ги видоа твоите очи, и тие да не излегуваат од срцето твое, во сите денови на твојот живот, и да продолжат така и синовите твои, и синовите на твоите синови. 10#29,9-12; 2 Мојс 19,16-20; Дела 7,38Во оној ден, кога стоевте пред Господ, вашиот Бог, кај Хорев (во денот на собранието), и кога ми рече Господ: „Собери го при Мене народот, за да му ги кажам Моите зборови, од кои ќе научат да се плашат од Мене во сите денови на својот земен живот и да ги научат синовите свои.“ 11Вие се доближивте и застанавте во подножјето на планината, а планината гореше во оган до самото небо; и имаше темнина, облаци и мрак. 12#5,22; 2 Мојс 19,16; 20,21; Јн 5,37; Дела 9,7; Евр 12,18-19И Господ ви говореше на планината од средината на огнот; гласот на зборовите Негови го чувте, но образ не видовте, туку чувте само глас. 13#9,9-17; 10,1-4; 2 Мојс 24,12И Тој ви го објави Својот завет, и ви заповеда да ги исполнувате Десетте заповеди и ги напиша на две камени плочи. 14Тогаш Господ ми заповеда да ве научам на наредбите и законите, за да ги исполнувате во земјата во која влегувате, да ја завладеете.
Предупредување против идолите
15Бидете цврсто убедени во душите свои дека не видовте никаков лик во оној ден, кога Господ ви говореше, на планината Хорев од средината на огнот. 16#5,8; 2 Мојс 20,4-5За да не се огрешите, правејќи си вајан лик, образ на идол во вид на маж или жена, 17#Рим 1,23лик на некое животно што е на земјата, лик на некоја перната птица, која лета под небото, 18лик на каква било гадинка што ползи по земјата, лик на секаков вид риба, која е во водата под површината на земјата; 19#17,3; 4 Цар 17,7-18и да не се соблазниш ти, кога ќе погледнеш кон небото и ќе го видиш сонцето, месечината и ѕвездите и сето воинство небеско, та да им се поклониш и да им послужиш, зашто Господ, твојот Бог, ги определил за сите народи под небото. 20#7,6А вас, пак, Господ Бог ве зеде и ве изведе од железната печка, од Египет, та да бидете народ Негов, како што сте тоа денес. 21#1,37; 4 Мојс 20,12-13И се разгневи Господ Бог на мене поради вас и се заколна дека нема да го минам Јордан и нема да влезам во онаа убава земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство. 22#34,1-5Јас ќе умрам во оваа земја, и нема да го минам Јордан, додека вие ќе минете и ќе ја заземете таа убава земја. 23Гледајте, да не го заборавите заветот на Господ, вашиот Бог, што Тој го склучи со вас, и да не си правите никакви идоли – образи на што и да било, како што ти заповеда Господ, твојот Бог; 24#2 Мојс 20,5; Евр 12,29бидејќи Господ твојот Бог, е оган, што гори, Бог ревнител. 25Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, ќе почнете да вршите беззаконија и направите каков-годе резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господ, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите. 26#28,15-68; 30,19; 32,1Денес, еве, ги повикувам за сведоци небото и земјата дека наскоро ќе ја изгубите оваа земја, во која одите да ја наследите од онаа страна на Јордан; нема да останете во неа долго, ами ќе загинете. 27И ќе ве распрсне Господ по сите народи, и ќе станете малубројни меѓу народите, кај кои ќе ве одведе Господ; 28#Ис 44,9-20; Пс 114,4-8; Дела 17,29и таму ќе им служите на нивните богови, што рака човечка ги направила од дрво и од камен, кои не гледаат и не слушаат, не јадат, и не мирисаат. 29#Дела 17,27Но таму кога ќе Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете, ако Го побарате од сѐ срце и со целата своја душа (во вашата жалост). 30Кога ќе западнеш во тага, и кога сето тоа со време ќе те снајде, ти ќе Му се обратиш на Господ, твојот Бог, и ќе го чуеш Неговиот глас. 31#30,3; 2 Мојс 33,19; 34,6Господ, твојот Бог, е Бог милосрден; Тој нема да те остави, нема да те погуби и нема да го заборави заветот со твоите предци, кој со заклетва им го потврдил.
Предноста на Израил
32Зашто, запрашај се за поранешните времиња, што беа пред тебе, од оној ден, кога Бог го создаде човекот на земјата, и од едниот крај на небото до другиот; имало ли нешто такво како ова големо дело, или се чуло ли за слично на него? 33#5,24-26Го чул ли некој народ некогаш гласот на живиот Бог, Кој говори од оган, како што ти чу, и остана жив? 34#7,19; 26,8; 2 Мојс 7–12; Дела 13,17Зар се обидел некој бог да си земе народ од друг народ преку порази, знаменија и чуда, преку војна, и со силна испружена рака, со големи ужаси, како што направи за вас Господ, вашиот Бог, во Египет пред твоите очи? 35#6,4; Мк 12,32Тебе ти е дадено да го видиш тоа, за да разбереш дека само Господ, твојот Бог е Бог и дека нема друг освен Него. 36#8,5Тој ти дозволи од небото да го чуеш гласот Негов, за да те научи, а на земјата ти го покажа Својот голем оган, и ти ги слушаше зборовите Негови од огнот; 37#7,8-13бидејќи Тој ги засака твоите предци и ве избра вас, потомците нивни по нив, и те изведе Сам со големата сила Своја од Египет, 38за да ги порази од пред тебе народите што беа поголеми и посилни од тебе, па да те воведе и да ти ја даде земјата нивна во наследство, која сега ја имаш. 39#6,4И така, знај сега и вразуми се дека Господ, твојот Бог, е Бог на небото горе и на земјата долу, и нема друг освен Него; 40и пази ги наредбите Негови и заповедите Негови, кои денес ти ги давам, за да биде добро за тебе и за твоите потомци по тебе и да останеш долго во таа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава засекогаш.
Три азилни градови во Трансјорданија
41 #
19,1-13; 4 Мојс 35,9-28; Ис.Н. 20,1-9 Тогаш Мојсеј оддели три града од онаа страна на Јордан, откај изгревот на сонцето, 42#2 Мојс 21,13за да избега таму убиец, кој не сакајќи ќе убие свој ближен, а да не му бил непријател ни вчера, ниту завчера, и, откако ќе избега во еден од тие градови, да остане жив. 43Тоа беа Бецер во пустината, во рамнината населена од племето Рувимово, и Рамот во Галаад, наследство Гадово, и Голан во Башан, земја на племето Манасиево.
Втор говор на Мојсеј
44Ова е законот што Мојсеј им го предложи на синовите израилски; 45#1,1-5ова се заповедите, наредбите и законите, кои Мојсеј им ги кажа на синовите на Израил (во пустината) откако беа излегле од Египет, 46#2,26од онаа страна на Јордан, во долината спроти Бет-Пеор, во земјата на Аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и кого Мојсеј го разби со синовите на Израил, откако беа излезени од Египет. 47И ја освоија земјата негова и земјата на башанскиот цар Ог, обајцата цареви на земјата аморејска, која е од онаа страна на Јордан, откај изгревот на сонцето: 48од Ароер, кој е на брегот од потокот Арнон, до планината Сион, т.е. до Ермон; 49#3,17.27и целата рамнина од онаа страна на Јордан кон исток, до Мртвото Море, во подножјето на планината Фазга.
Currently Selected:
Второзаконие 4: MK2006D
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006