YouVersion Logo
Search Icon

Второзаконие 20

20
Закони во врска со војната
1 # 1,28-29 Кога ќе излезеш во војна против непријателите твои и ќе видиш коњи и бојни коли, и многу луѓе, повеќе од тебе, не плаши се од нив, бидејќи Господ, твојот Бог, Кој те изведе од еги­петската земја, е со тебе. 2Кога, пак, претстои борба, свеште­никот нека се приближи и нека му збо­рува на народот, 3#Евр 12,3-4и да му каже: „Слушај, Израиле, вие денес влегувате во бој против вашите непријатели: да не ослабува срцето ва­ше, не плашете се, не збунувајте се и нека не ве фати паника од нив, 4бидејќи Господ, вашиот Бог, оди со вас, за да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси.“ 5#1,15Надзорниците, пак, нека му речат на народот, и нека му кажат: „Кој изгра­дил нова куќа и не се вселил во неа, нека си оди и да се врати во домот свој, за да не умре во бојот, па друг да се все­ли во неа; 6#28,30; 1 Мак 3,56и кој насадил лозје и не го берел, не­ка си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, па друг да собере сѐ; 7и кој се свршил и не се оженил, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, па друг да ја земе свршеницата негова.“ 8#1,28Надзорниците нека му кажат уште на народот и нека му речат: „Кој е плашлив и малодушен, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не ги на­прави плашливи срцата на браќата свои, како неговото срце.“ 9Откако надзорниците ќе му го ка­жат тоа на народот, да изберат воени началници за да го водат народот. 10Кога ќе се приближиш до некој град, за да го преземеш, предложи му мир. 11#Ис.Н. 16,10; Суд 1,28-35; 3 Цар 9,21Ако се согласи на мир со тебе и ти ги отвори портите, целиот народ што се наоѓа во него, ќе ти плаќа данок и ќе ти работи. 12Ако, пак, не се согласи на мир со тебе, и почне да војува против тебе, опколи го; 13и, кога Господ, твојот Бог, ќе го предаде во рацете твои, погуби со сечи­лото на мечот сѐ што е машко кај него; 14#2,35само жените и децата, добитокот и сѐ што има во градот, запленете го за себе и користи се со пленот на непријателите свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги предал. 15Така постапи со сите градови, што се многу далеку од тебе, а кои не се гра­дови на тие народи. 16#2,34Но во градовите на оние народи, кои Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш земјата нивна, не оставај ни една жива душа, 17#7,11туку предај ги на проклетство: Хитијците, Аморејците, Хананците, Пе­ризијците, Евејците и Јевусијците (и Гергесејците), како што ти беше запо­ведал Господ, твојот Бог, 18#18,9за да не ве научат да правите такви гнасотии, какви што тие правеле за своите богови, за да не грешите и вие пред Господ, вашиот Бог. 19Кога опсадуваш долго време некој град, за да го преземеш и завладееш, не сечи ги дрвјата негови, што се во шумата, туку користи ги плодовите нивни за храна, и не опустошувај ја око­лината, бидејќи дрвото во полето не е човек, за да избега од тебе во тврдината; 20само оние дрвја, за кои знаеш дека не даваат никакви плодови, можеш да ги сечеш и од нив да правиш опсадни направи за градот, кој војува со тебе, сѐ додека не го покориш.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in