Псалми 3
3
ПСАЛМ 3
Молитва на прогонетиот за време на голема неволја
1 #
2 Цар 15–17
Псалм на Давид, кога бегаше од лицето на својот син Авесалом.
2 #
24,19; 55,2; 118,157 Господи, колку се намножија непријателите мои!
Многумина против мене се креваат;
3многумина велат за душата моја:
„Нема спасение за него во неговиот Бог“.
4 #
17,2; 26,6; 27,7; 61,7; 109,7; 1 Мојс 40,13; 5 Мојс 33,29; Сир 11,13 Но Ти си, Господи, застапник мој, слава моја
и ја подигаш главата моја.
5 #
4,8; Изреки 3,24 Со гласот мој повикав кон Господа
и Тој ме слушна од Својата света гора.
6Легнав, заспав и се разбудив,
зашто Господ ќе ме закрилува.
7 #
22,4; 26,1.3 Нема да се исплашам од десетици илјади луѓе,
што од сите страни навалуваат на мене.
8 #
7,6; 9,19; 57,6; Јов 29,17 Воскресни, Господи;
спаси ме, Боже мој,
зашто Ти ги порази сите што напразно непријателствуваат со мене,
им ги скрши забите на грешниците.
9Од Господа е спасението.
Твојот благослов е врз народот Твој.
Избрани в момента:
Псалми 3: MAK2024PS
Маркирай стих
Споделяне
Копиране
Искате ли вашите акценти да бъдат запазени на всички ваши устройства? Регистрирайте се или влезте
Македонско библиско здружение 2024