Матеј 15
15
Исус ги отфрла човечките обичаи
(Мк 7,1-13)
1Тогаш некои од ерусалимските книжници и фарисеи пристапија кон Исус, велејќи: 2#2 Мојс 30,18-21; Лк 11,38; Гал 1,14; Кол 2,8„Зошто Твоите ученици го престапуваат преданието на старешините? Зашто не си ги мијат рацете кога јадат леб.“ 3А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание? 4#19,19; 2 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мк 7,10; Лк 18,20; Ефес 6,2Зашто Бог заповедал и рекол: ’Почитувај ги својот татко и својата мајка‘, и ’кој злослови против својот татко или својата мајка, со смрт да се казни‘. 5А вие велите: ’Ако некој му рече на својот татко или на својата мајка: дар за Бога ми е, она што од мене сакаш да го ползуваш‘, тогаш тој не мора да ги почитува својот татко или својата мајка! 6Така ја укинавте Божјата заповед заради вашето предание! 7#6,2; 23,13Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:
8 #
Ис 29,13
#
12,34; Пс 77,36-37 ’Овој народ се приближува до Мене со својата уста
и со усните Ме почитува,
а неговото срце стои далеку од Мене;
9 #
5,20; Кол 2,22 но напразно Ме почитува,
зашто проповеда човечки повелби.‘“
Што го осквернува човекот?
(Мк 7,14-23)
10И, откако го повика народот, рече: „Слушајте и разберете! 11#12,34Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.“ 12Тогаш Неговите ученици Му пристапија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“ 13#Ис 5,1-7; Лк 13,6-9; Јн 15,2А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне; 14#23,16.19.24; Лк 6,39; Рим 2,19оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обајцата ќе паднат во јама.“ 15Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“ 16#Мк 4,13А Исус им рече: „И вие ли сѐ уште не сфаќате? 17Зар не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрла надвор? 18А она што излегува од устата, излегува од срцето и тоа го осквернува човекот; 19#Рим 1,29-30; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,19-21; 1 Птр 4,3; Откр 21,8зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блуд, кражби, лажни сведоштва, богохулства; 20тоа го осквернува човекот. А да се јаде со неизмиени раце, тоа не го осквернува човекот.“
Верата на една Хананејка
(Мк 7,24-30)
21И, кога излезе оттаму, Исус замина во Тирските и Сидонски краишта. 22#9,27; Мк 10,47-48; Лк 18,38-39И ете, една жена Хананејка излезе од оние краишта и гласно извика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“ 23#Лк 11,8Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И Неговите ученици пристапија до Него и Го молеа, велејќи: „Кажи ѝ да си оди, зашто вика по нас.“ 24#10,5-6А Тој одговарајќи, рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на Израилевиот дом.“ 25Но таа дојде, падна ничкум пред Него и велеше: „Господи, помогни ми!“ 26#7,6Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ 27#Лк 16,21Таа, пак, рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ 28#8,10.13Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба!“ И во тој час нејзината ќерка оздраве.
Исус исцелува многу народ
(Мк 7,31)
29 #
Мк 7,31
Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму. 30#11,5; 19,2; 21,14И дојде кај Него многу народ, што со себе носеше куци, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги излечи, 31#8,3; 11,4-5; Мк 7,37така што народот се восхитуваше гледајќи како неми прозборуваат, сакати оздравуваат, куци проодуваат и слепи прогледуваат. И Го прославуваше Израилевиот Бог.
Исус нахранува над четири илјади души
(Мк 8,1-10)
32 #
9,36; 14,15 А Исус, кога ги повика Своите ученици, им рече: „Жал ми е за луѓето, зашто веќе три дена се со Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги распуштам гладни, за да не премалат по патот.“ 33#4 Цар 4,43Но Неговите ученици Му рекоа: „Од каде при нас толку леб во пустинава, за да се нахрани толку народ?“ 34#14,17-21; Мк 6,33-44; Лк 9,13-17; Јн 6,9-13Исус ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум и неколку рипчиња.“ 35Тогаш Исус му заповеда на народот да седне на земјата. 36#1 Кор 11,24И, откако ги зеде седумте леба и рибите, заблагодари, ги прекрши и им ги даде на Своите ученици, а учениците – на народот. 37#4 Цар 4,44; Пс 77,29; Мк 8,20 И јадеа сите и се наситија; и кренаа седум полни кошници со останати парчиња. 38А оние што јадеа беа четири илјади мажи, не броејќи ги жените и децата. 39Па, штом го распушти народот, влезе во коработ и дојде во Магдалските краишта.
Избрани в момента:
Матеј 15: MAK2023
Маркирай стих
Споделяне
Копиране
Искате ли вашите акценти да бъдат запазени на всички ваши устройства? Регистрирайте се или влезте
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023