Создавање 2
2
1Така се довршија небото и земјата и сето нивно воинство. 2#2 Мојс 20,11; 31,12-17; Евр 4,4-5.10Седмиот ден Бог ги заврши делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде. 3И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде. 4Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото. 5А уште не беа никнале полски грмушки и земни тревки, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек кој ќе ја обработува земјата, 6но се креваше пара од земјата и ја оросуваше површината на целата земја. 7#Пс 104,20-30; Јов 34,14-15; Проп 3,20; 12,7; 1 Кор 15,45-49И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.
Градината во Едем
8И Господ Бог насади рајска градина на исток; и таму го насели човекот што го создаде. 9#Изреки 3,18; Откр 2,7; 22,14И Господ Бог направи да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото. 10#Ез 47,1; Откр 22,1-2Од Едем извираше река за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше на други четири реки. 11Името на едната е Пишон; таа тече околу целата Хевилска земја, каде што има злато. 12Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс. 13А на втората река името ѝ е Гион; таа тече околу целата земја Куш. 14Името, пак, на третата река е Тигар; таа тече на исток од Асирија. Четвртата река е Еуфрат. 15И го зеде Господ Бог човекот, го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува. 16И му заповеда Господ Бог на човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, 17#Рим 6,23освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“ 18#24,67; Изреки 18,22И Господ Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“ 19Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името. 20И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на небеските птици, и на сите полски ѕверови; но за човекот не се најде помошник, сличен на него. 21#15,12Затоа Господ му прати на човекот длабок сон; па кога заспа, му извади едно ребро, и местото го пополни со месо. 22#1 Кор 11,8-9; 1 Тим 2,13Од реброто, што го зеде од човекот, Господ Бог создаде жена и ја доведе кај човекот. 23#Песна 2,16; 6,3А човекот рече: „Еве тоа е коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!“ 24#Мал 2,15; Мт 19,5; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и ќе бидат едно тело. 25И беа обајцата голи, Адам и жената негова, и не се срамеа.
المحددات الحالية:
Создавање 2: MK2006
تمييز النص
شارك
نسخ
هل تريد حفظ أبرز أعمالك على جميع أجهزتك؟ قم بالتسجيل أو تسجيل الدخول
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006