የYouVersion አርማ
የፍለጋ አዶ

Битие 9

9
Божјото ветување за Ное
1 # 1,28 Тогаш Бог го благослови Ное и синовите негови, и им рече: „Пло­де­­те се и множете се, и полнете ја земјата (и завладејте со неа)! 2А сите земни животни (и сиот земен добиток) и сите небески птици, и сѐ што лази по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се пре­дадени. 3#1,29; 5 Мојс 12,15-16; Дела 10,11-16; Рим 14,3; 1 Тим 4,3Сѐ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сѐ ви давам, како што ви ги бев дал зелените билки. 4#3 Мојс 17,11-14Само не смеете да ги јадете живите суштества додека во нив има душа, односно крв! 5#2 Мојс 20,13А за вашата крв, во која е вашиот живот, ќе барам сметка; од секој ѕвер ќе ја барам; ќе ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов; 6#1,26; 2 Мојс 21,23кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака; зашто човекот е создаден според образот Божји. 7Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја!“ 8И му рече Господ на Ное и синовите негови со него, велејќи: 9#6,18; Сир 44,17-18„А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас, 10и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите земни ѕверови, што се со вас, со сѐ она што излегло од ковчегот, со сите земни животни; 11#Ис 54,9-10го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!“ 12И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за сите идни поколенија: 13#Ез 1,28; Откр 4,3божилак Свој поставувам во обла­кот, за да биде знак на вечниот завет меѓу Мене и земјата. 14Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе (Ми) се појави божилакот во обла­кот, 15#Ис 54,9и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот. 16Божилакот ќе (Ми) биде во обла­кот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја жива душа во секоја плот, што е на земјата.“ 17И му рече Бог на Ное: „Тоа е зна­кот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, што е на земјата!“
Тројцата синови на Ное
18 # 10,1-6 Синовите Ноеви, кои излегоа од ковчегот, беа: Сим, Хам и Јафет. Хам е татко на Ханан. 19Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја. 20А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје. 21#Изреки 23,29-35; Јудита 13,2; Сир 31,25-27; Ефес 5,18И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој. 22А Хам, таткото на Ханан, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата браќа свои. 23Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваќи ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голо­тијата на својот татко. 24А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот негов син, 25#5 Мојс 27,16па рече, „Проклет да е Ханан; тој ќе биде слуга на слугите од браќата свои!“ 26#Суд 1,28И уште рече: „Благословен да е Господ Бог Симов; а Ханан ќе му биде слуга! 27Нека го рашири Бог Јафет, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ханан ќе му биде слуга!“ 28И поживеа Ное по потопот триста и педесет години. 29А сѐ на сѐ поживеа Ное деветстотини и педесет години; потоа умре.

Currently Selected:

Битие 9: MK2006D

ማድመቅ

Share

Copy

None

ያደመቋቸው ምንባቦች በሁሉም መሣሪያዎችዎ ላይ እንዲቀመጡ ይፈልጋሉ? ይመዝገቡ ወይም ይግቡ