1
Матеј 7:7
Свето Евангелие 2008
Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори
Qhathanisa
Hlola Матеј 7:7
2
Матеј 7:8
зашто секој што сака – добива, и кој бара – наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори. Крај на саботата. Читај во понеделникот
Hlola Матеј 7:8
3
Матеј 7:24
И така, секој што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе го споредам со благоразумен маж, кој си направил куќа на камен
Hlola Матеј 7:24
4
Матеј 7:12
Сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие; оти тоа е Законот и Пророците.
Hlola Матеј 7:12
5
Матеј 7:14
а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот и малцина го наоѓаат.
Hlola Матеј 7:14
6
Матеј 7:13
Влезете низ тесната врата; зашто, широки се вратите и широк е патот што водат кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив
Hlola Матеј 7:13
7
Матеј 7:11
И така, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку ли повеќе вашиот небесен Отец ќе им даде добра на оние што Му бараат? Крај на понеделникот
Hlola Матеј 7:11
8
Матеј 7:1-2
Не судете, за да не бидете судени; оти со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.
Hlola Матеј 7:1-2
9
Матеј 7:26
А секој што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа на песок
Hlola Матеј 7:26
10
Матеј 7:3-4
Зошто ја гледаш раската во окото на брат ти, а гредата во своето око не ја чувствуваш? Или, како ќе му каж еш на брат ти: чекај да ти ја извадам раската од окото; а, пак, ете, во твоето око има греда?
Hlola Матеј 7:3-4
11
Матеј 7:15-16
Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се волци грабливи. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?
Hlola Матеј 7:15-16
12
Матеј 7:17
Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошото дрво дава лоши плодови
Hlola Матеј 7:17
13
Матеј 7:18
не може доброто дрво да дава лоши плодови, ниту лошото дрво да дава добри плодови.
Hlola Матеј 7:18
14
Матеј 7:19
Секое дрво што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган.
Hlola Матеј 7:19
Ikhaya
IBhayibheli
Amapulani
Amavidiyo