Матеј 14

14
ГЛАВА 14
(Зачало 57)
1Во тоа време дојде#Вторник од седмата седмица по Педесетница: Во она време, дојде Ова и на Отсекување на главата на св. Јован Крстител, на утрената. гласот за Исуса и до Ирода, четворовласникот;
2и им рече на своите потчинети: – Тоа е Јован Крстител; тој воскресна од мртвите, па затоа и стануваат чуда преку него.
3Зашто Ирод, кога го фати Јована, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брат му Филипа;
4бидејќи Јован му велеше: – Не бива да е твоја.
5И сакаше да го убие, ама се плашеше од народот, оти го сметаа за пророк.
6А кога беше роденденот на Ирода, ќерката Иродијадина играше пред гостите и му угоди на Ирода;
7затоа, тој со клетва ѝ вети дека ќе ѝ даде, што и да побара.
8А таа, пак, научена од мајка си, рече: – Дај ми ја овде на табла главата на Јована Крстителот.
9И се загрижи царот; но заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.
10Па испрати, та му ја отсекоа главата на Јована, во затворот.
11И ја донесоа главата негова на табла и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ѝ ја однесе на мајка си.
12Учениците, пак, негови, откако дојдоа, го зедоа неговото тело и го погребаа; па отидоа и Му јавија на Исуса.
13Штом чу Исус, замина оттаму на кораб, во пусто место, Сам; а народот, откако узна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.
Крај на вторникот и на Отсекување
(Зачало 58)
14И кога излезе Исус, виде многу народ#Недела осма по Педесетница: Во она време, виде Исус многу народ; и се смили над нив и ги излекува нивните болни.
15А на стемнување, се приближија до Него учениците Негови, и рекоа: – Овде е местото пусто, а и времето е веќе доцна; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна.
16Но Исус им рече: – Нема потреба да одат; вие дајте им да јадат!
17А тие му рекоа: – Ние овде имаме само пет леба и две риби.
18Он им рече: – Донесете Ми ги тука!
19И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и, откако ги прекрши, им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот.
20И јадоа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
21А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, освен жените и децата.
(Зачало 59)
22И веднаш ги понуди#Недела деветта по Педесетница: Во она време, ги понуди Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна, пред Него, додека да го распушти народот.
Крај на осмата недела
23Па штом го распушти народот, Он се качи на планината, за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.
24А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот беше спротивен.
25А на четвртата стража преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето.
26А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: – Тоа е привидение. И од страв извикаа.
27Но Исус веднаш им прозборе и рече: – Не бојте се! Јас сум, не плашете се!
28А Петар, одговарајќи, Му рече: – Господи, ако си Ти, дозволи да дојдам при Тебе по водата.
29И Исус му рече: – Дојди! Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди кај Исуса;
30но кога го виде силниот ветар се уплаши, почна да потонува и извика: Господи, спаси ме!
31Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: – Маловерниче, зошто се посомнева?
32И кога влегоа во коработ, ветерот престана.
33А оние што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: – Навистина си Син Божји!
34Па како преминаа, дојдоа во земјата генисаретска.
Крај на неделата
(Зачало 60)
35Алуѓето од тоа место, штом Го познаа#Среда од седмата седмица по Педесетница: Во она време, луѓето од генисаретската земја, штом Го познаа Исуса,, разгласија по целата околија и ги донесоа при Него сите болни.
36И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, се излекуваа.

Àwon tá yàn lọ́wọ́lọ́wọ́ báyìí:

Матеј 14: MK2008

Ìsàmì-sí

Pín

Daako

None

Ṣé o fẹ́ fi àwọn ohun pàtàkì pamọ́ sórí gbogbo àwọn ẹ̀rọ rẹ? Wọlé pẹ̀lú àkántì tuntun tàbí wọlé pẹ̀lú àkántì tí tẹ́lẹ̀