И тие, кога се собраа со старешините и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците, велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа и Го украдоа кога ние спиевме;‘ и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.“ А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.