И Господ го почувствува мирисот пријатен, па рече Господ Бог, помислувајќи: »Нема повеќе да ја проколнувам земјата поради човекот, зашто помислите на срцето човечко се зли уште од младини; и нема повеќе да ги уништуам живите суштества, што ги создадов.
Отсега, па сѐ дури постои земјата, нема да престанат сеењето и жнеењето, студот и горештината, летото и зимата, деновите и ноќите.«