Нов верник
Пронаоѓање на твојот пат назад кон Бог
Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог - без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти - или пробудувања - додека го пронаоѓаме патот назад до Бог. Патувај низ секое од овие пробудувања и намали го растојанието помеѓу местото каде што си сега и онаму каде што сакаш да бидеш. Ние сакаме да го најдеме Бог, а Тој уште повеќе сака да биде најден.
Ти имаш молитва!
Откриј ги принципите за градење моќен и ефективен молитвен живот. Молитва – комуницирање со Бога на лично ниво – е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување. Преземно од книгата, „Вон овој живот: христијански водич за раст и цел” од Дејвид Свандт.
Твојата најдобра инвестиција!
Стекнувањето благословена и изобилна придобивка започнува со правење на вистинската инвестиција. Ако си нов христијанин, нема поголема инвестиција којашто можеш да ја направиш во твојата вера отколку редовното користење на Божјиот Збор. Почни овде за да си помогнеш во успешното читање, разбирање и применување секој ден. Преземено од книгата „Вон Овој Свет: Христијански водич за раст и цел“ од Дејвид Џ. Свандт.
Променет: Следни чекори за променет живот
По твојата одлука да го прифатиш Христос за твој спасител, засекогаш си променет. Старото помина. Ти си ново создание. Без разлика дали си нов следбеник на Христос или си го следел подолго време, овој план ќе ти помогне подобро да разбереш кој си ти во Христос и што значи да си Негов вистински следбеник. Добивањето на подобро чувство за твојот идентитет во Христос ќе ти помогне да продолжиш напред и да ги преземеш следните чекори за да го достигнеш сето она кое Бог те повикал да го направиш.
Пет молитви на понизност
Ти треба повеќе Божја благодат, милост и благослов? Тогаш моли се со овие пет едноставни молитви на понизност, прашувајќи Го Бога да ти се смилува и да ти помогне. Тој ќе одговори на твојата молитва; Тој им дава благодат на понизните! И ако се понизиш пред Бога, тој ќе те издигне.
Започнување на врска со Исус
Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice).
Приказната за Велигден
Како ќе ја поминеш последната недела од твојот живот, ако знаеш дека ти е последна? Последната недела од животот на Исус, додека тој беше на земјата, беше исполнета со впечатливи моменти, исполнети пророштва, лични молитви, значајни дискусии, симболични дела, и настани кои го променија светот. Наменет да почне во понеделникот пред Велигден, секој ден од овој план за читање те води низ главите на четирите евангелија кои ја раскажуваат приказната за Светата седмица.
Живеј со сила и храброст!
Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата помош во овој план. Прземено од книгата „Вон овој свет: Христијански Водич за Раст и Цел” од Дејвид Џ. Свандт.
Зошто Велигден?
Што е толку важен Велигден? Зошто постои толку голем интерес за личност која се родила пред 2000 години? Зошто луѓето толку многу се возбудуваат околу Исус? Зошто ни е Тој потребен? Зошто дошол? Зошто умрел? Зошто некој треба да се замара да го открие тоа? Во овој 5-дневен план, Ники Гамбел ги споделува неговите привлечни одговори на овие прашања.