Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Софонија 3:14-20

Софонија 3:14-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Радувај се, ќерко Сионова, ликувај, Израеле, весели се и радувај се од сѐ срце, ќерко ерусалимска: Господ ја одмени пресудата над тебе, го изгони непријателот твој. Гос­под, Царот Израелов, е среде тебе: нема повеќе да се плашиш од зло. Во оној ден ќе му речат на Еруса­лим: „Не бој се“ и на Сион: „Да не за­слабнат рацете твои.“ Господ, твојот Бог, е среде тебе. Тој е силен да те спаси; ќе се развесели за тебе со радост, ќе те обнови според љубовта Своја, ќе се гордее за тебе со песни, како на празничен ден. Ќе ја от­странам неволјата од тебе, за да не го носиш повеќе срамот. Ете, Јас ќе ги притеснам сите твои мачители во она време, ќе го спасам она што е куцо, ќе ги соберам расеаните и ќе им дадам чест и слава по целата зем­ја, каде што беа под срам. Во она време ќе ве доведам, во она време ќе ве соберам вас, зашто ќе ве направам прочуени и почитувани меѓу сите народи на земјата, кога ќе ја изменам вашата судбина пред очите ваши, вели Господ.

Софонија 3:14-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Воскликнувај од радост, Сионска Ќерко, викај од веселба, Израеле! Весели се и радувај се од сѐ срце, Ерусалимска Ќерко! Господ те ослободи од твојата пресуда, ги отстрани Твоите непријатели! Господ, Израелевиот Цар, е во твојата средина! Не бој се веќе од зло! Во оној ден ќе му се рече на Ерусалим: „Не бој се, Сионе! Нека не ти се истоштат рацете. Господ, твојот Бог, е во твоја средина, силен Спасител! Тој ќе ти се радува тебе, полн со веселба, ќе ти биде милостив во Својата љубов, ќе воскликнува радосно над тебе.“ „Ќе ги соберам напатените заради празниците, за да не носат веќе срам на себе. Еве ги совладувам сите твои угнетувачи. Во она време ќе ги избавам сите хроми, ќе ги соберам расеаните, ќе ги поставам за име и слава во секоја земја на нивниот срам. Во она време, Јас ќе ве доведам, во она време, Јас ќе ве соберам! Тогаш ќе ви дадам пофалба и слава меѓу народите на земјата, кога ќе ви ги вратам заробениците пред ваши очи“ - говори Господ.